Вечерата само што не е готова, а вас ви заѕвони телефонот. После подолгиот разговор со пријателката се сетивте на вечерата. Ја отворивте рерната и го почувствувавте познатиот, непријатен мирис на изгорена храна, провлекувајќи се со брзина на светлината во секој ќош од вашиот дом. За среќа, постојат повеќе брзи и едноставни начини да го отстраните. Еве како…rnrn
rn
1. Отстранете го остатокот од храната што е можно побрзо
rnВо никој случај не фрлајте ги остатоците од храната во кантата за ѓубре и потоа да заборавите на нив, бидејќи нивниот непријатен мирис и понатаму ќе се шири низ вашиот дом. Наместо тоа, ставете ги во пластична кеса, заврзете ги и веднаш фрлете ги надвор.rn
2. Отворете ги прозорците и вратите
rnЕден од најбрзите и најлесните начини да се ослободите од неудобниот мирис е да ги отворите прозорците и вратите за да навлезе свеж воздух и да ја неутрализира миризбата.rn
3. Вклучете вентилатор
rnЗа свежиот воздух побрзо да го исполни вашиот дом, веднаш покрај прозорците или вратите ставете вентилатор (или повеќе ако имате) и вклучете го на најјака брзина. Ако имате аспиратор во кујната, вклучете го и него.rn
4. Рерна
rnЗагрејте ја рерната на 100 степени. Дното на тепсијата покријте го со алуминиумска фолија и на неа ставете лажичка путер, малку цимет и шеќер. Ставете ја тепсијата во рерната и исклучете ја. После три часа извадете ја тепсијата. Непријатниот мирис ќе исчезне, а домот ќе мириса како штотуку да сте испекле некој вкусен колач.rn
5. Освежувач за воздух во спреј
rnАко ниеден од членовите на вашето семејство не е алергичен, тогаш во кујната напрскајте малку освежувач за воздух. Водете сметка да не претерате, бидејќи поголемата количина може да го засили непријатниот мирис.rnrn
rn
6. Лимон
rnВо зовриена вода додадете лимон кој ќе биде исечен на парчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 30 минути.rn
7. Каранфилче
rnВо зовриена вода додадете една рака каранфилчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 20 минути.rn
8. Кромид
rnИсечкајте една главица кромид и ставете ги парчињата во зовриена вода. Тргнете го тенџерето од шпоретот и течноста сипете ја во повеќе пластични сада. Потоа садовите распоредете ги насекаде низ домот. Оставете ги така преку ноќ. Непријатниот мирис ќе исчезне до утрото.rn
9. Оцет и леб
rnСтавете вода во тенџере, па додајте две шолји оцет. Оставете да зоврие, намалете ја температурата, па оставете да се вари уште 15 минути. Натопете неколку парчиња бел леб од оваа течност и поставете ги на различни места низ вашиот дом.rn
10. Сода бикарбона
rnРаспоредете половина шолја сода бикарбона во неколку сада и поставете ги на местата каде што мирисот најмногу се чувствува. Оставете да делува преку ноќ.rn
11. Направите природен освежувач за воздух
rnВо шише со распрскувач ставете еднаква количина лимонов сок и вода. Распрскајте ја течноста насекаде низ кујната и неудобниот мирис набрзина ќе исчезне.