КАФЕ ПАУЗА

11 начини на кои се однесуваат анксиозните девојки кога се вљубени

11 начини на кои се однесуваат анксиознитете девојки кога се вљубени

Анксиозноста е проблем со којшто се соочуваат многу млади девојки. Покрај тоа што оваа состојба ги попречува во секојдневните активности, игра голема улога и во тоа како тие се однесуваат во врските со спротивниот пол. Па, на кои начини анксиозните девојки ја покажуваат љубовта и со кои мисловни конфликти се соочуваат кога ќе се најдат во една ваква, нова емотивна ситуација?rnrn11 начини на кои се однесуваат анксиозните девојки кога се вљубениrn

1. Им треба време за да се вљубат

rnНим им треба малку повеќе време за целосно да се вљубат бидејќи анксиозноста ги прави неверојатно претпазливи. Нивната анксиозност им вели дека ниеден човек никогаш нема да се вљуби во нив и таа најчесто ги надвладува нивните мисли.rnrn

2. Тие го чуваат своето срце

rnТие ги чуваат своите срца многу внимателно. Многу е веројатно тие претходно веќе да биле повредени, а нивната анксиозност дополнително го зголемува стравот дека личностите за коишто гаат чувства моментално, исто така, ќе ги повредат.rnrn

3. Не им веруваат веднаш на луѓето

rnЌе потрае додека да дојде моментот кога ќе им се отворат на личностите кои им се допаѓаат. Зошто? Затоа што анксиозноста им дава причини да се чувствуваат параноично, дури и кога нема ниту една вистинска причина за такво нешто. Ним им треба време за да изградат доверба во некого, но верувајте дека чекањето ќе се исплати.rnrn

4. Иако чувствуваат, некогаш им е тешко тоа да го кажат на глас

rnИзговарањето на зборовите „те сакам“ претставува голем чекор за нив. Тие ќе ви го кажат ова само ако се чувствуваат целосно удобно во ваше присуство. Дури и тогаш, ова е „страшен“ и ранлив момент за нив.rnrn

5. Некогаш ја игнорираат темата за заедничка иднина

rnТие не сакаат да зборуваат за иднината затоа што самата помисла на нешто за што не знаат како ќе се одвива ги вади од памет. Оваа состојба ги прави вознемирени за активностите кои ги очекуваат наредниот ден, а да не зборуваме за плановите за некоја подалечна иднина. Затоа не очекувајте дека тие со леснотија ќе зборуваат за вашиот меден месец или за тоа дека во иднина би се преселиле во некоја друга земја.rnrn

6. Некогаш знаат да звучат грубо

rnТие некогаш кажуваат груби работи или целосно ја избегнуваат личноста која ја сакаат најмногу за да видат дали таа ќе замине и ќе ги остави. Колку и да звучи чудно, ова е нивниот начин за да ја проверат љубовта од партнерот.rn

7. Тие се изолираат

rnСо анксиозноста доаѓа и потребата да се биде сам, буквално. Кога анксиозните девојки се вљубуваат, кај нив се појавува оваа потреба бидејќи новата емотивна ситуација ги тера да направат чекор назад и да си ги средат мислите. Не им замерувајте и дајте им простор, тие сѐ уште се луди по вас.rn

8. Постојано чувствуваат страв

rnБез разлика, колку и да се среќни во врската, нивната анксиозност прави сѐ да им изгледа како да е сон кој наскоро ќе заврши. Нивниот страв од напуштање е постојано присутен, па затоа дајте им до знаење дека сте тука за нив и дека нема да ги напуштите. Колку и да е тешко, убедете ги дека вистински ги љубите.rn

9. Не им е јасно зошто сте вљубени во нив

rnНим воопшто не им е јасно како сте се вљубиле во нив. Тие се свесни за тоа дека анксиозноста е товар со кој не секој може да се справи, па затоа не знаат зошто сте ги одбрале баш нив.rn

10. Првите состаноци може да бидат кошмар

rnСамото состанување со луѓе кои сѐ уште не ги познаваат доволно за нив претставува тешкотија. Затоа првите состаноци може да бидат вистински кошмар за нив, бидејќи во глава веќе имаат милион сценарија за нивен лош исход. Дајте им време, откако ќе се опуштат знаат да бидат неверојатно забавни.rn

11. Тие премногу ќе се врзат за вас

rnОткако ќе ве примат во својот свет, тие ќе почнат премногу да се врзуваат за вас. Тоа е така бидејќи мислат дека сето ова е привремено, па сакаат да поминат што е можно повеќе време со вас. На почетокот се претпазливи, но кога ќе се вљубат, целосно се вљубуваат.rnrnПрочитајте како едно момче, чија девојка се страда од анксиозност, се справува со нејзината болест.rn