10 знаци кои покажуваат дека сами си ги создавате проблемите со парите

Сподели

Дали имате проблем со вашите финансии? Дали не успевате да застанете на нозе колку и да се обидувате? Ако сте пробале сè, но ништо не помогнало, можеби вие самите си ги создавате проблемите. Кога ќе се најдете во ваква ситуација, добро размислете како сте се справувале со вашите пари. Погледнете ги 10-ти начини на кои самите се спречувате да ги постигнете вашите финансиски цели.rn

Реклама

1. Се обидувате да држите чекор со пријателите

rnМожеби им завидувате на пријателите, семејството или на колегите за животот кој го имаат. Но, работите не се секогаш такви какви што изгледаат. Можеби вашите пријатели живеат позајмен живот. Денес е лесно да ја користите кредитната картичка, а со тоа само го зголемувате вашиот долг. Немојте да ги следите другите и да се задолжувате за да докажете нешто. Живејте за себе.rn

2. Дозволувате емоциите да владеат со трошењето пари

rnНашите чувства секогаш ги прават искуствата побогати и подлабоки. Но, емоциите можат да имаат и негативно влијание, особено кога станува збор за пари. Емоционалното трошење може да ви направи многу проблеми и да ви создаде долг кој не ќе можете да го исплатите. Една анкета покажала дека 49% од испитаниците потрошиле пари за работи кои не можеле да си ги дозволат поради нивните емоции.rn

Реклама

3. Одложувате

rnНикој нема да ви ги среди финансиите освен вие. Сè додека не се одлучите да ги средите вашите пари, вие само ќе тонете во долгови. Сега е моментот кога треба да расчистите со овие работи, не утре, не следната недела и не кога ќе ви ја зголемат платата.rn

4. Позајмувате пари на секому

rnАко се одлучите да позајмите пари, бидете подготвени никогаш да не ги видите. Најчесто луѓето кои позајмуваат пари не ги враќаат. А кога ги враќаат, многу често не ја враќаат целата сума. Едно истражување покажало дека луѓето кои земаат пари на заем го гледаат тоа како подарок. Па, пред да позајмите осигурете се дека можете да си дозволите да не ви ги вратат парите. Исто така, треба да знаете дека немате должност да позајмувате пари кога некој ќе ви побара.rn

5. Финансиско неверство

rnДали криете трошоци од вашиот партнер или пак ја криете вашата деструктивна финансиска навика? Ако имате зависност од купување или пак проблем со коцкање, а ова го криете од партнерот, вие не му дозволувате да ви помогне. Доколку сте во ваква ситуација, најдобро е да му кажете на партнерот за да можете уште веднаш да почнете со средување на проблемот.

Реклама

Продолжува на следната страница…rn

Најново

Може ќе ве интересира