Најдобриот начин да ја одржите среќата во бракот и воопшто во врската е да спиете голи. Оние луѓе кои се легнуваат голи во кревет се посреќни во своите врски од оние кои носат пижами или друга облека за спиење.rnrn
rnrnОд 1.004 Британци кои учествувале во едно истражување, 57% од оние кои спијат голи изјавиле дека се задоволни во својата врска, во споредба со 48% од оние кои спијат во пижами и долна облека.rnrnСтивен Мекензи (33) од Портсмут вели: „Спијам гол веќе шест години и многу е попријатно отколку носењето пижами или боксерки. Мојата жена исто така спие гола и навистина никогаш не сме биле посреќни. Ни помага целосно да се опуштиме во кревет.“rnrnРезултатите од анкетата се изненадувачки: 4 од 10 луѓе спијат голи, а скоро половина (45%) од 55-годишните и нагоре исто така.rnrnЕкспертите велат дека многу работи влијаат на среќата во врската, а еден од поважните фактори е околината во која спиете.rnrnПостелнината треба да биде многу пријатна и мека за кожата, што може да ја поттикне отвореноста и интимноста помеѓу партерите што пак на крајот влијае на зголемување на среќата.rnrnНавиките во спалната соба исто така значтелно влијаат на задоволството во врската, се тврди во ова истражување. Луѓето не сакаат партнерот да им јаде во кревет, дури 59% не сакаат валкана облека на подот во собата, а 23% не поднесуваат кога партнерот носи чорапи во кревет.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.