Емоционалната зависност е нешто со кое многу луѓе се борат. Колку повеќе сте свесни за тоа што е емоционална зависност и како се надминува, полесно ќе ви биде да ја избегнете, а оние кои се заглавени со неа, полесно ќе се ослободат.rnrn
rnrnЕмоционалната зависност по дефиниција е неподготвеност или емоционално одбивање да се прифати улогата на возрасна личност. Тоа е исто како да бидете дете на оние кои се во вашиот живот, дозволувајќи му на вашиот партнер (или некоја личност во вашиот живот) да биде одговорна за сè што правите, пронаоѓајќи сигурност во тоа. Вашите потреби, па дури и постапки се нешто со што не можете да се справите сами, па целосно се потпирате на некој друг.rnrnОваа личност ги прави сите големи одлуки наместо вас, ви дава совети и во основа се грижи за вас, што може да биде многу напорно за нив. Многу луѓе својата емоционална зависност ја мешаат со љубов. Треба да знаете дека љубовта не треба да биде зависност од некоја друга личност, односно кога сте заљубените треба да можете да функционирате како човек и без партнерот. Во продолжение прочитајте ги знаците кои укажуваат дека можеби сте емоционално зависни од вашиот партнер.rn
1. Вашиот партнер го задржувате на неколку начини
rnВашиот партнер не може да прави работи кои ги сака бидејќи треба да се грижи за вас. Секогаш го спречувате партнерот да го живее неговиот живот, иако можеби не сте свесни за тоа. Тој можеби одвреме-навреме сака да прави работи без вас, но вие тоа му го правите невозможно.rn
2. Секогаш го обвинувате партнерот за начинот на кој се чувствувате
rnДоколку обвинувате некој друг за начинот на кој вие се чувствувате, не сте во право. Вие сами сте одговорни за вашата благосостојба. Вашиот партнер не е секогаш причината да се чувствувате лошо, како што вие мислите. Доколку тој не ве злоупотребува или изневерува, треба да поработите малку на себе.rn
3. Секогаш сте на работ кога го чекате партнерот
rnСекогаш кога тој ќе замине некаде, вие го трошите времето во чекање да се врати или постојано го проверувате. Седите покрај телефонот чекајќи го неговиот повик, и доколку минута или две доцни, во вашиот ум се појавуваат најлошите работи. Вие мислите дека само затоа што доцни ве напуштил, но тоа не е така.rn
4. Премногу барате
rnСекогаш се потпирате на вашиот партнер за сè. Се чини како да не знаете да постоите без него и тоа е навистина страшно. Вашиот партнер нема постојано да биде во вашиот живот и вие морате да научите како да бидете сами.rn
5. Не сакате да го поминувате вашето време со никој освен со партнерот
rnСе имате затворено од остатокот од светот. Никогаш не сакате да бидете во присуство на некој друг, освен на вашиот партнер. Ова е сериозна работа која ќе ви наштети доколку врската не успее. Дружењето со пријателите и семејството е нормално и треба да се случува почесто.rn
6. Не се чувствувате вредни без одобрување од вашиот партнер
rnДоколку вашиот партнер не ве подржува во секој чекор што го правите, вие станувате огорчени. Доколку не можете да направите некоја работа заедно, треба да се потрудите да ја сработите сами. Вие сте силна личност и треба да ја покажете својата самоувереност.rn
7. Се менувате самите за да се вклопите со партнерот
rnСе преправате дека ги сакате работите кои вашиот партнер ги сака, само за да го направите среќен или да изгледа дека имате повеќе заеднички работи. На пример, вие се состанувате со личност која сака одреден спортски тим, и одеднаш вие навивате за истиот тим. Немојте никогаш да создавате вакви лаги.rn
8. Постојано барате одобрение од вашиот партнер
rnСе чувствувате како партнерот да е единствената личност што е важна на овој свет. Секогаш правите работи за да го импресионирате, а не затоа што ви се допаѓаат тие работи. Ова е сериозен проблем кој само ви го троши времето.rn
9. Буквално се чувствувате празно кога вашиот партнер не е покрај вас, макар и на кратко време
rnКога партнерот не е со вас, се чувствувате како да не сте целосни. Се ослонувате на вашиот партнер за стабилност. Понекогаш дури целосно се исклучувате кога тој не е во ваша близина.rn
10. Премногу сте посесивни со вашиот партнер
rnЧувствувате дека вашиот партнер ви припаѓа само вам и сте крајно посесивни. Не му верувате нему, ниту пак на луѓето околу него. Сè ви влегува под кожа и самата помисла од губење на партнерот е доволно да ве турне преку работ.rnrnПочитајте ги и овие 12 знаци кои укажуваат на емоционална нестабилност.