КАФЕ ПАУЗА

10 знаци дека не сте вљубени, туку емоционално зависни

10 знаци дека не сте вљубени, туку емоционално зависни

Речиси секој ја бара личноста што може да ја нарече сродна душа. Но, секој мора да помине низ неколку грешки пред да ја пронајде. За жал, понекогаш на ова патување можно е емоционалната зависност да ја помешате со љубов. Па добро е да знаете кои се знаците дека сте емоционално зависни, а не вљубени во партнерот.rnrn10 знаци дека не сте вљубени, туку емоционално зависниrn

1. Чувствувате посесивност или љубомора

rnКога сте во здрава врска, треба да можете да му верувате на партнерот и овде нема простор за љубомора. Доколку не може да го направите тоа, најверојатно сте само емоционално зависни од него, а не вљубени.rn

2. Страв дека ќе го изгубите неговото признание

rnВо добрата врска треба да ви биде лесно да разговарате без страв. Кога ќе ја најдете вистинската личност, отворањето пред неа ќе ви биде природно и ќе знаете дека тој ве прифаќа онакви какви што сте.rn

2. Се менувате за партнерот да ве сака

rnМенувањето хобија, музички интереси и слично за друга личност не е љубов. Да можете да бидете свои е најважно во вашата врска. Ако треба да се менувате за вашиот партнер, врската најверојатно нема да трае.rn

4. Вашата вредност зависи од партнерот

rnДоколку сметате дека не вредите освен ако партнерот не ви го каже тоа, вие искусувате опсесија, а не љубов. Здравата врска бара доза љубов кон себе, за да можете вистински да се поврзете со партнерот.rn

5. Постојано се обидувате да го промените партнерот

rnДоколку постојано се обидувате да го манипулирате партнерот, ова е лош знак. Не можете да ги промените луѓето и освен ако не можете да го прифатите партнерот онаков каков што е, врската никогаш нема да функционира.rn

6. Избегнувате други активности заради партнерот

rnЗависноста може да ве затвори од остатокот од светот. Доколку избегнувате места, луѓе и нешта што сте ги сакале, најверојатно сте зависни од партнерот.rn

7. Играте игри

rnБез разлика дали чекате одговор бидејќи партнерот се задржал или го манипулирате партнерот со игри, тоа е лош знак. Важи и спротивното – доколку партнерот ви го прави ова, време е да ставите крај.rn

8. Во врска сте поради очајна потреба да бидете со некого

rnДоколку сте во врска само затоа што ви е потребен некој да направи да се чувствувате исполнето, тоа е знак на зависност.rn

9. Уште на почетокот не можете да си го замислите животот без партнерот

rnКога прв пат запознавате некого, немате силна поврзаност. Доколку уште на почетокот не можете да си го замислите животот без партнерот, тогаш најверојатно станува за опсесија наместо за вистинска љубов.rn

10. Не сте среќни кога партнерот не е покрај вас

rnИако е нормално да чувствувате еуфорија кога сте со некој што го сакате, не е здраво да не можете да се разделите од партнерот. Времето за себе е важно во секоја врска. Емоционалната зависност не ви дозволува да се одделите од партнерот ни за миг.rnrnПогледнете и кои се психолошките знаци кои покажуваат дека сте вљубени.