Голем број луѓе патат од недостаток на железо во организмот, a најмногу се погодени оние кои живеат активно и брзо. Ако сакате да знаете дали вашиот организам има доволно количество од овој важен минерал, послушајте ги знаците кои вашето тело ви ги испраќа. Доколку имате некој од следниве 10 симптоми, големи се шансите дека ви недостасува железо…rnrn
rn
1. Умор
rnТелото го користи железото за да го произведе хемоглобинот кој се наоѓа во црвените крвни зрнца и се пренесува преку кислородот. Намалениот кислород во крвта доведува до чувство на константен умор.rn
2. Лоша концентрација
rnДоколку забележувате дека вашата концентрација во последно време е многу намалена и имате проблем при фокусирање кон бројните секојдневни обврски, тогаш има големи шанси дека тоа се случува поради недостаток на железо.rn
3. Апатија
rnДали чувствувате апатија кон сè? Вклучувајќи ги и семејството, пријателите, работата, па дури и омиленото хоби? Оваа појава може исто така биде предизвикана од намалено количество железо во крвта. Доколку забележувате вакви драстични промени во вашето расположение, тогаш најдобро е да направите крвна слика.rn
4. Задишаност
rnАко за време на одењето, вежбањето или завршувањето домашни обврски многу брзо и нагло останувате без воздух, тогаш вината можеби треба да ја барате во недостатокот на овој минерал. Станува збор за кислородот кој на вашето тело му е потребен, но не го добива во доволни количини.rn
5. Бледа кожа
rnБледата и провидна кожа може да биде знак на намалување на железото во крвта. Тоа исто така може да биде предизвикано и од слаба циркулација на крвта или од намален број црвени крвни зрнца.rn
6. Намалена енергија и кондиција
rnАко сте личност која редовно вежба, но сепак сте забележале дека стандардните вежби ви стануваат понапорни тогаш можеби имате проблем со железото. Недостатокот на овој минерал ја намалува физичката способност и издржливост на организмот.rn
7. Болки во мускулите
rnДоколку по завршувањето на тренингот или по подолгото одење чувствувате силни болки во мускулите, а не сте правеле нешто ново, тогаш вашето тело ви вели дека му е потребно повеќе железо.rn
8. Кршливи нокти
rnДоколку ноктите не ви се цврсти како порано и сте забележале дека тие полесно ви се кршат, тогаш постојат големи шанси дека тоа се случува поради недостаток на железо.rn
9. Настинки и болести
rnАко цела зима сте биле настинати или болни, особено ако секогаш патите од болести на дишните патишта, тогаш време е да ја проверите вашата крвна слика.rn
10. Боја на урината
rnДоколку сте забележале значајна промена во бојата на урината време е да побарате помош. Од недостатокот на железо таа може стане розова, па дури и црвена.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn