Во доба на дигитална љубов, мобилниот телефон на вашиот партнер знае повеќе за вашиот љубовен статус од неговиот најдобар пријател, а богами и од вас. Откријте во која фаза на дигитална интимност се наоѓа дечкото кој ви се допаѓа.rnrn
rn
1. фаза: Ви го зачувал бројот во неговиот именик (името + детали)
rnПример: Сања – слатка или Кате – свирка. Која било комбинација на името и дополнителниот опис покажува дека само што сте се запознале и веројатно сѐ уште не знае (или не го интересира) како се презивате. По некое време или на ова двајцата ќе се смеете или ќе биде заборавено со првите знаци на мамурлакот следното утро.rn
2. фаза: Користи емотикони
rnНа почетокот на нов флерт емотиконите ги пополнуваат празнините во текстот. Тој сѐ уште не е сигурен за ситуацијата, а ни во себе за да би комуницирал со вас без помош од слатките сликички. А кога ќе дојде моментот кога ќе сака да ви каже „Многу ми се допаѓаш“, емотиконите со срценца наместо оние со очиња ќе му помогнат да ја заврши таа незгодна задача.rn
3. фаза: Ви праќа календарски покани
rnВо оваа фаза на врската, неговите СМС-и пристигнати доцна во ноќта доаѓаат со покани кои директно се вградуваат во вашиот календар. Ова бара планирање и организација, два збора кои тешко со врзуваат со кежуал секс. Ако тој ве обележува во својот календар, внимавајте, работите стануваат сериозни.rn
4. фаза: Разговорот се префрла на Фејстајм
rnФакт е дека момците не сакаат долги разговори преку телефон. Ако ве бара преку Фејстајм, вашата врска станува голем работа. Значи, не ви ѕвони за да утепа време додека се враќа со автобус од работа, туку навистина сака да ве чуе, и уште поважно – да ве види.rn
5. фаза: Вие сте на неговиот ФБ профил
rnВи честитаме, вие сте официјално во врска. На својот профил ставил нова фотка на која е со вас. Тоа значи дека тој е ваш и според него во ред е и другите да го знаат тоа, вклучително и сите жени кои ги познава. Овој момент значи дека тој станал посветен на вашата врска.
