Многу е лесно да препознаете разгалено дете. Но, сепак на секој родител му е тешко да признае дека неговото дете е такво. Затоа, добро размислете дали вашето дете прави нешто од овие десет работи, кои покажуваат дека треба да преземете нешто.rnrn
rn
Чести изливи на бес
rnЕден од најсигурните знаци дека детето ви е разгалено се честите изливи на бес и муртење во јавност, но и во домашна атмосфера.rn
Никогаш не е задоволно
rnРазгалените деца не знаат да изразат задоволство од она што го имаат. Доколку видат нешто што не е нивно, го сакаат тоа наместо своето.rn
Не сака да помага
rnНиту едно дете не е воодушевено да помага, но кога ќе потпорасне, мора да почне да помага во помалите домашни работи, како што е собирање на играчките или ставање на чевлите на место.rn
Се обидува да ги контролира возрасните
rnРазгалените деца не ја знаат границата во односот со врсниците, а неретко и со возрасните, па очекуваат сите нив да ги слушаат.rn
Често ве посрамотува на јавни места
rnДецата знаат да направат инцидент на јавно место и тоа не е нешто чудно. Но, кога детето намерно ги посрамотува родителите во јавност за да привлече внимание, тогаш ситуацијата е излезена од контрола.rn
Не сака да дели
rnДелењето е тежок поим, со кое секое мало дете мора да се научи да се носи. Откако ќе наполнат четири години, децата мораат да сакаат да ги делат играчките, ужинките и многу други работи со своите братчиња и сестрички, па дури и со другарчињата.rn
Морате да го молите
rnРодителите или негувателката мора да бидат авторитет. Не смеете да ги научите дека за да биде нешто завршено, треба да се молите пола ден.rn
Ве игнорира
rnНиту едно дете не сака да слуша „не“ од своите родители, но во ниту еден момент не треба да допуштите тоа да ве игнорира додека нешто му зборите, затоа што тоа смета дека е во право.rn
Не сака да си игра
rnДо полнењето на четири години, детето треба да сака и да може самостојно да си игра и тоа подолг период. Доколку, постојано му се потребни родителите или друштво за да си игра, тоа е знак дека има потреба од внимание.rn
Морате да го подмитувате
rnРодителите не смеат да ги подмитуваат своите деца со пари или играчки за да добијат нешто од нив.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
