Многумина го сметаат грашокот за зеленчук без вкус, па речиси секој избегнува да го јаде. Но овој зеленчук е богат со многу хранливи материи, и доколку се подготви правилно може да биде и многу вкусен. Во продолжени погледнете ги 10-те здравствени придобивки од грашокот.rnrn
rn
1. Помага при регулирање на телесната тежина
rn300 грама грашок содржи околу 100 калории, како и многу протеини и хранливи влакна што помагаат при одржување, но и намалување на телесната тежина. Тој исто така има многу малку маснотии.rn
2. Го спречува стомачниот рак
rnВерувале или не, секојдневното консумирање грашок може да ви помогне да го спречите стомачниот рак. Грашокот содржи еден полифенол наречен куместрел. Според едно истражување, на луѓето им се потребни само 2 милиграма дневно од овој полифенол за да го спречат ракот на стомакот. Една порција грашок има повеќе од 10.rn
3. Го забавува стареењето и го зајакнува имунитетот
rnГрашокот е одличен во борбата против стареењето бидејќи содржи многу од следниве антиоксиданси:rn
- rn011
- Флавоноиди – катехин и епикатехин
- Каротеноиди – алфа каротен и бета каротен
- Фенолни киселини – ферулинска и кофеинска киселина
- Полифеноли – куместрол
rn011
rn011
rn011
rn
rn
4. Помага при борбата со брчките, Алцхајмеровата болест, бронхитисот, остеопорозата, артритисот и кандидата
rnЗаборавете на здравите шејкови, грашокот е вистинската „суперхрана“. Тој помага во спречувањето на Алцхајмеровата болест, бронхитисот, остеопорозата, артритисот и кандидата. Грашокот содржи витамин А и витамин Е, многу цинк, и е богат со омега 3 масни киселини. Како резултат на ова, редовното консумирање грашок може значително да ги намали и вашите брчки.rnrn
rn
5. Ги спречува болестите на срцето
rnБидејќи грашокот е богат со антиоксиданси, тој го намалува ризикот од срцев удар. Големото количество на витамините Б1, Б2, Б3 и Б6 има голема улога во ова. Јадете повеќе грашок за да го спречите насобирањето штетни материи во артериите.rn
6. Добар е за околината
rnИзненадувачки, но грашокот е одличен за околината. Растението го „собира“ азотот од воздухот и го носи во почвата. Ова ја намалува потребата од вештачки ѓубрива. Покрај тоа, откако ќе се набере, остатокот од растението лесно се распаѓа. Тоа создава органско ѓубриво за почвата. За грашокот е потребно многу мала површина, и може да се одгледува на места каде што водата не е многу достапна.rn
7. Ја спречува констипацијата
rnАко редовно јадете грашок, бидете сигурни дека цревата ќе ви работат одлично. Грашокот е богат со хранливи влакна кои ги придвижуваат цревата, но и спречуваат многу болести на овој дел од телото.rnrn
rn
8. Го намалува лошиот холестерол
rnГрашокот има ниацин кој пак го намалува производството на триглицериди. Како резултат на ова се зголемува нивото на добриот холестерол.rn
9. Одличен е за коските
rnБез разлика на возраста, секому му е потребна здрава коскена структура, а грашокот ви го овозможува токму тоа. Една порција грашок содржи 44% од препорачаната дневна консумација на витамин К. Овој витамин го задржува калциумот во коските и го намалува ризикот од остеопороза.rn
10. Го нормализира шеќерот во крвта
rnБидејќи грашокот е богат со протеини и влакна, тој ја намалува дигестијата на шеќерот. Исто така го регулира производството на инсулин, со тоа спречувајќи ја појавата на дијабетес.rnrnПрочитајте и нешто повеќе за гоџи бобинките.
