Ракот на грлото на матката е вториот по ред најчест рак кај жените и во критичната група се наоѓаат оние на возраст од 25 до 64 години. Но, оваа канцерогена болест може да се открие и да се спречи навреме. Затоа од голема важност е да не ги заборавате и да не ги прескокнувате редовните контроли и ПАП тестовите.rnrn
rn
1. Ракот на грлото на матката е вториот најчест рак кај жените
rnГледано во светски размери, ракот на грлото на матката е втор најчест рак кај жените, односно третата причина за смртност од рак. Годишно во светот се дијагностицираат околу 500.000 нови случаи на рак на грлото на матката, а скоро 300.000 жени умираат од оваа болест.rn
2. Во Европа на секоја 18-та минута умира по една жена со рак на грлото на матката
rnДодека пак во светот на секои две.rn
3. Човечкиот папиломен вирус или Хуман папилома вирус (ХПВ) е главниот предизвикувач на рак на грлото на матката
rnНиту еден вид рак нема таква цврста причинско последична врска со познат причинител како што тоа го имаат ХПВ и ракот на грлото на матката. Дури во 99,7% од случите може да се докаже инфекција со ХПВ.rn
4. ХПВ се пренесува со сексуален контакт
rnХПВ инфекцијата е доста честа помеѓу сексуално активните личности, главно се пренесува во текот на сексуалниот однос, но тоа може да се случи и со директен допир од личност на личност, а не само во текот на сексот. Инфекцијата ХПВ најчеста е кај адолесцентите, а ракот на грлото на матката кај жените помеѓу 35 и 55 години.rn
5. Секоја втора сексуално активна личност е заразена со ХПВ
rnОколу 630 милиони луѓе ширум целиот свет се инфицирани со ХПВ, а според резултатите од испитувања во некои земји се заразени и до 60% од сексуално активните мажи и жени.rn
6. Смртноста од ракот на грлото на матката е 35%
rnПоголемиот дел од жените кои заболеле од рак на грлото на матката најверојатно никогаш не направиле ПАП тест или не го направиле во последните 5 години. Од вкупното женско население во секоја земја, само мал процент од нив годишно прават ПАП тест. Може да се каже дека отприлика 2 од 3 жени не одат на редовни контроли, а дополнителен проблем е тоа што секогаш се тестираат истите.rn
7. Ракот на грлото на матката може да се открие со време
rnПАП тестот е единствениот начин на кој може да се открие ракот на грлото на матката и абнормалните клетки во грлото на матката, но тој не упатува на главните причини за појавата на ракот и абнормалните клетки кои се резултат на трајно присутната инфекција на „високо ризичните“ типови ХПВ.rnrnДругиот недостаток на ПАП тестот се лажните негативни резултати што се појавуваат во 20 до 40 проценти од пациентите. Затоа како дополнително истражување за наоѓање на ХПВ инфекцијата се користи течна цитологија, бидејќи тогаш стапката за негативни резултати е помала од 5 проценти.rn
8. Ракот на грлото на матката е најсериозна компликација на ХПВ инфекцијата
rnБидејќи ХПВ инфекцијата најчесто нема знаци или симптоми, поголемиот дел од заразените не се свесни дека ја имаат. Поголемиот дел од ХПВ инфекциите се открива дури со абнормалните резултати на ПАП тестот. Ниско ризичните типови ХПВ може да доведат до создавање надворешни брадавици, неканцерогени израстоци со боја на месо кои се појавуваат околу гениталиите и околу нив. Типовите 6 и 11 на ХПВ инфекцијата се одговорни за 90% од сите случаи на полови брадавици.rnrnДолготрајната инфекција на високо ризичните типови ХПВ, како што се тип 16, 18, 31 и 45, може да доведат до рак на грлото на матката и други видови рак во областа на гениталиите. ХПВ типовите 16 и 18 заедно се одговорни за 70% од случаите на рак на грлото на матката.rn
9. Ракот на грлото на матката може да се спречи
rnИако кондомите се ефикасни средства за заштита против поголемиот број сексуално преносливи инфекции, тие не нудат целосна заштита во случајот на ХПВ, затоа што инфекцијата може да биде присутна и на пределите од кожата кои не се заштитени. Денес е достапна вакцина која може да ги заштити жените од ХПВ инфекцијата и развивањето рак на матката.rn
10. Со вакцинација се спречува ракот на грлото на матката
rnВакцината штити од инфекцијата со четири типа на вирусот ХПВ: типовите 16 и 18 кои се „виновни“ за 70% од случаите на рак на грлото на матката, и типовите 6 и 11 кои предизвикуваат околу 90% од половите брадавици. Вакцината е 100% ефикасна во спречувањето на ХПВ.