20-тите години се чувствителен период во кој ги надминуваме несериозните тинејџерски врски и ја менуваме нашата перспектива кон започнување со семејство. И покрај тоа што можеби не очекувате да го најдете вашиот сопруг во брзо време, постојат неколку навики кои сте ги формирале во текот на претходниве неколку години кои можат многу негативно да влијаат врз вашиот љубовен живот.
Доколку сакате да оформите сериозна врска, која е здрава и исполнета со разбирање, тогаш треба да бидете подготвени да работите на себе. Токму тоа можете да го постигнете доколку ги отфрлите наредниве 10 навики…
1. Претерано размислување за сè
rnМомците најчесто не се толку комплицирани како што глумат дека се – тие скоро секогаш се искрени и директни. Доколку ви кажат дека се забавувале претходната вечер со вас, тогаш големи се шансите дека тоа навистина и било така. Луѓето во глобала поминуваат многу време во барање скриени значења, пречитување пораки и поминување долго време во создавање на „совршениот“ одговор. Но, соодветниот одговор не е она на што треба да обрнете најмногу внимание. Тој не анализира колку време ви е потребно да одговорите, па токму затоа не треба ни вие да го правите истото.rn
2. Секогаш се еден чекор зад него
rnЗошто да го чекате неговиот повик за следниот состанок? Вие веќе не сте нервозните средношколки кои и по цела вечер седеле будни за една порака од симпатијата. Преземете ја контролата во вашите раце и правете го она што вие сакате да го правите. Доколку не му се допаѓа вашата директност, тогаш можеби тој не е за вас.rn
3. Прават исклучоци
rnДоколку тој има одредена карактерна маана која вие навистина не можете да ја поднесете, тогаш не постои причини да направите исклучок за него. Вие заслужувате некој кој ги дели вашите вредности и кој ве почитува. Дури и ако се однесува лошо кон вас само на одредени моменти, повторно не вреди да го трошите времето на него.rn
4. Се чувствуваат обврзани да одат на состаноци
rnСамо затоа што ви изгледа дека сите ваши пријатели се во сериозни врски, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас. Дозволете си малку повеќе време и оставете нештата да се развиваат природно. Не форсирајте врска со одредена личност само за да можете да присуствувате на групните состаноци. Тоа никогаш не вреди.rn
5. Тие го споредуваат секој нов маж со својот бивш дечко
rnВашиот бивш дечко е бивш со причина. Секој тип заслужува искрена шанса без притоа постојано да биде споредуван со она што сте го имале во претходната врска. Доколку вашата врска не оди по истата линија како претходната, тоа не значи дека нешто не е во ред. Таа е едноставно различна и од каде знаете, можеби токму овие разлики се она што вам навистина ви треба.rn
6. Прават компромиси во сексуалниот живот
rnВие заслужувате да бидете целосно задоволени во креветот. Доколку тој не е подготвен да се потруди да го направи тоа, тогаш веднаш збогувајте се со него. Многу жени се плашат да стават крај на врска во која не се сексуално задоволни, но тоа не значи дека вие не треба да бидете храбри и да го побарате вниманието кое навистина го заслужувате!rn
7. Користат алкохол како помош
rnМожеби вашите адолесцентни врски секогаш започнувале со одредена доза алкохол, но во 20-тите години работите се малку покомплицирани кога станува збор за состанување. Доколку навистина сакате да запознаете одредена личност, тоа треба да го сторите трезни. Неколку чашки за опуштање се сосема во ред, доколку сте многу нервозни, но будењето покрај непозната личност чие име сте го заборавиле некаде помеѓу 12-тата и 13-тата чаша текила е нешто што не би требало да ви премине во навика. Треба да ја најдете вашата самодоверба и да разговарате со спротивниот пол без помошта од алкохолот.rn
8. Тие заглавуваат во својот мобилен телефон
rnПишувањето пораки е добро до одреден степен, но доколку повеќето ваши разговори не вклучуваат говорење, тогаш вашите средби ќе бидат малку чудни. Разговорите во кои го користите вашиот глас можат многу да помогнат при намалување на непријатната тишина за време на состаноците.rn
9. Тие се менуваат себеси за него
rnНиту еден човек не вреди за вие да се изгубите себе. Во ред е доколку развиете нови интереси додека се состанувате, но не заборавајте да ги одржувате во живот клучните делови од вашиот карактер доколку сакате оваа врска да успее на долг план.rn
10. Опседнати се со својата тежина
rnНе мора да бидете претерано слаби за момците да ве сакаат. Всушност, тој сигурно нема ни да ја забележи разликата од 2-3 килограми со која вие сте толку многу опседнати. Самодовербата е нешто што доаѓа од внатре и не треба да дозволите ниту еден човек да го промени начинот на кој се чувствувате кон себе. Доколку сакате да ја намалите вашата телесна тежина направете го тоа за вас, а не за некој друг.

