КАФЕ ПАУЗА

10 совети како подобро да си го организирате животот

10 совети како подобро да си го организирате животот #1

Нема ништо лошо доколку имате малку хаос во вашето секојдневие.rnrn10 совети како подобро да си го организирате живототrnrnКако што Алберт Ајнштајн еднаш рекол:rn
rn

„Има три правила за секоја работа: Во нередот пронајдете едноставност, во раздорот пронајдете хармонија, на средината на секоја тешкотија лежи можност.“

rnНеочекуваните предизвици се тие кои не прават посилни, па затоа не треба да ги избегнуваме.rnrnСекогаш имајте ги на ум следниве совети, кои ќе ви помогнат или ќе ве вратат на вистинскиот пат.rn

1. Психички припремете се за промени, замислувајќи се себеси како изгледате идеално

rnНа кого најмногу му се восхитувате? Каква ви е замислата за себеси во иднина? Какви сакате да бидете? Визуелизирајте се и целете кон таа замисла.rn

2. Сфатете дека неочекуваните работи во животот можат да бидат убаво нешто

rnДалај Лама еднаш рекол:rn
rn

„Запаметете дека, недобивањето на нешто што го посакувате понекогаш е прекрасен удар на среќа.“

rn

3. Намалете со алкохолот, цигарите и другите пороци

rnВо здраво тело, здрав дух. Ќе се чувствувате подобро и поудобно во своето тело, а зачуваните пари ќе можете да ги инвестирате во нешто што одамна го посакувате.rnrn2-10-soveti-kako-da-si-go-organizirate-zhivotot-kafepauzarn

4. Оттргнете ги сите негативности од вашиот живот

rnДоколку имате пријатели кои навистина знаат како да ви го расипат расположението или пак работите работа која навистина не ве исполнува и ве прави нервозни, тогаш навистина е време за промена.rn

5. Пазарењето правете го наеднаш, во денот од неделата кој сметате дека е најпогоден

rnНаправете листа, одредете го буџетот и изберете го денот. Сето ова преточете го во навика, која редовно ќе ја спроведувате.rnrn10 совети како да си го организирате живототrn

6. Започнувајте го денот со шолја утринско кафе и правете листа на обврски за текот на денот

rnПланирањето на денот, навистина може да ви ја олесни контролата над времето.rn

7. Секој ден одвојувајте време кое ќе го посветите на самите себеrn

rnПоминувајќи дел од денот во тишина, ќе му даде можност на вашиот ум да се одмори и да воспостави ред на нештата.rnrn3-10-soveti-kako-da-si-go-organizirate-zhivotot-kafepauzarn

8. Учете од грешките во минатото

rnСекој во животот прави грешки. Сепак, од нив треба да го извлечеме најдоброто, бидејќи од нив можат да излезат многу добри и поучни работи.rn

9. Не ги избегнувајте тешките разговори

rnСправувајте се со проблемите директно и не дозволувајте да пројде подолг период. Ваквиот метод со сигурност ќе ги намали напнатоста и грижата на сите инволвирани.rn

10. Договарајте средби со професионален советник околу проблемите на кои наидувате

rnМногу луѓе се борат со проблемите кои ги потиснуваат и секаде со себе носат непотребен багаж полн со негативни емоции. Професионалниот советник ќе ви помогне правилно и јасно да ги надминете проблемите и ќе ве упати кон правиот пат.rnrn10 совети како подобро да си го организирате животот #1rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.