КАФЕ ПАУЗА

Го имате ова во вашиот дом? Внимавајте бидејќи може да ослободува негативна енергија!

Доколку верувате во моќта што ја има уредувањето на домот според правилата на Фенг шуи тогаш ова сигурно ќе ве интересира. Добро е да знаете дека ако го имате ова во домот, ослободен е преминот на негативната енергија во него!rnrnrnrnСтаклената влезна врата може да претставува вистински Фенг шуи предизвик, како за домот, така и за вашиот бизнис (посебно за малите фирми).rnrnМеѓутоа ова е многу општа изјава затоа што целосниот и точен одговор зависи од многу детали на самата зграда или објект. Како и сè друго во Фенг шуи, во оригиналниот, прецизниот Фенг шуи кој навистина функционира, мора предвид да ги земете сите детали кои ја опкружуваат одредената тема или областа која се обидувате да ја подобрите.rn

Фенг шуи влезна врата

rnБидејќи вратата е носител на „чи“ енергија (според речникот на Фенг шуи тоа е најважен поим и вашиот „чи“ се меша со енергијата на околината) таа има големо влијание на квалитетот на енергијата која влегува во домот (или на работата). Во суштина, сакате силна и урамнотежена предна врата. Кога вашиот простор има доволно моќна „чи“ енергија, вашето здравје и сите области од вашиот живот ќе имаат придобивки од тоа. Влезната врата е моќен заштитник на енергетско ниво затоа што влезната врата е главниот праг помеѓу надворешниот и внатрешниот свет.rnrnМожете да пронајдете различни сложени дизајни за силна влезна врата во сите древни култури, иако голем дел од овие верувања се одамна изгубени. Но, кога станува збор за влезните врати од стакло единствено за загрижување кај нив е нивната слабост. Во основа, тоа е проѕирна врата каде што куќата е оставена со мала заштита од каков било вид енергија – добра, лоша итн.rnrnВие треба да се чувствувате охрабрени кога се приближувате кон влезната врата – особено кон вашата, што тоа не е случај ако таа е од стакло. Во суштина, сите можат да гледаат во вашата куќа – што по Фенг шуи не е препорачливо!rnrnМеѓутоа, како што веќе кажавме, постојат многу други подробности што треба да се земат предвид кога се проценуваат одредени детали, области или предмети. Ниеден „предмет“ не постои сам по себе туку е поврзан со милион работи околу него, видливи и невидливи, но сè уште достапни до оние што можат да ја читаат енергијата.rnrnЗатоа, стаклената врата која нема поддршка за поврзување, како што се силни ѕидови околу неа, паметно екстериерно уредување и моќна главна влезна конструкција – сигурно ќе биде лоша влезна врата според Фенг шуи. Исто така, таквата врата која во целост е поддржана и засилена со сите дизајнирани елементи околу неа може да биде добар или барем неутрален Фенг шуи симбол.