10 работи кои вистинскиот маж ги прави кога е во врска

Сподели

rnНекои велат дека не постои нешто како „вистински маж“, а други се обидуваат да го дефинираат давајќи безброј свои видувања обликувани според своите желби и потреби. Сепак, сите тие разни видови вистински мажи имаат некои заеднички карактеристики, собрани на куп од блогерот Кевин Вилијамс.

Реклама

rn

1. Вистинскиот маж ја почитува жената таква каква што е

rnТаа можеби не му се допаѓа цело време, но сепак не престанува да ја сака. Не само нејзиното тело или статусот, туку нејзината целосност, онаква каква што е. Тој знае да ја пронајде нејзината убавина некаде каде што таа не е лесно видлива. Тој знае да продре во нејзината душа, да ја разбере и да ја доживее на начин како што само тој може. Тој на неа ќе гледа поинаку од сите други. Секогаш ќе ја почитува, ќе ја третира како дама и истото ќе го очекува и од неа.rn

Реклама

2. Тој целосно ѝ се предава на врската

rnВистинскиот маж не се плаши од чувствата. Љубовта е човечка емоција и затоа тој не подлегнува на притисоците од околината кои му наметнуваат да не ја покажува лесно. Тој целосно се предава на врската и на својата сакана. Со секој свој потег се труди да ја зајакне врската и затоа нему може целосно да му се верува.rn

3. Тој jа заштитува саканата и физички и емоционално

rnИ жената знае како самата да се заштити себеси, но и покрај тоа тој секогаш е тука да помогне. Тука е за да ја утеши секогаш кога таа е тажна или да отстрани секаква физичка опасност по неа. Притоа, тој е тактичен и размислува пред да делува. Тој е љубезен, но ќе стори сè за да ја заштити од секаква злоупотреба.

rn

Реклама

4. Ја исполнува партнерката ментално и сексуално

rnТој знае дека најголемиот дел од времето во врската се поминува правејќи работи кои не се од физичка и сексуална природа. Се предава на страсно водење љубов кога и двајцата го сакаат тоа, но љубовта ја искажува и преку долги интелектуални разговори, хумор, шепотење романтични нешта на уво… Сето тоа е дел од неговиот шарм.rn

5. Тој презема инцијатива

rnПочитува и сака кога девојката презема инцијатива за нештата, но во моментите кога никој од нив не го прави тоа, тој е оној кој ја презема одговорноста и презема чекори. Настапува смело и промислено кога знае како треба, а во други случаи не се срами да побара совет.rn

6. Носи тешки одлуки

rnОдлуките кои се однесуваат на него и неговиот живот ги носи сам. Ги слуша советите на блиските, но на крајот самиот одлучува. Тоа се однесува и на одлуките во врската. Кога е соочен со некој проблем која бара тешка одлука, тој се грижи и за нејзиното гледиште и за нејзините чувства, а не само за себе.

rn

7. Не бега од одговорност

rnТој никогаш не ја префрла одговорноста за своите постапки на другите луѓе, вклучувајќи ја и неговата сакана. Тој признава кога ќе згреши, се извинува и продолжува понатаму со научената лекција. Вистинскиот маж не се срами да се извини и со тоа покажува голема самодоверба и храброст.rn

8. Секогаш го кажува своето мислење

rnТој нема да скрие некоја своја мисла поради страв и секогаш ќе го зборува она што го мисли. Притоа е многу внимателен. Тој не го злоупотребува правото да каже што мисли со цел да повреди некого, пред сè неговата партнерка. Кога за нешто не се согласува со жената тој дебатира со неа, третирајќи ја на исто рамниште со него. Не го наметнува своето мислење, туку е љубопитен за туѓото и го преиспитува своето. Никогаш не кажува „да“ за сè и сешто, ниту одбива сè што не се совпаѓа со неговите ставови.rn

9. Тој ја брани врската

rnПонекогаш има моменти во кои врската е нападната од неговите родители или пријателите. Кога тие ќе му речат дека неговата сакана не го заслужува и не е добра за него, вистинскиот маж ќе застане зад својата врска и ќе ја брани. Тоа се случува и кога неговата девојка е присутна и кога не е. Тој никому не дава објаснувања за својата љубов.rn

10. Тој има живот и без саканата

rnВистинскиот маж има живот и надвор од врската. Тој имал свои пријатели и страсти и пред да ве запознае и продолжува со нив и откако вие ќе влезете во неговиот живот. Не живее изолирано само со вас, ниту се откажува од активностите кои му причинуваат задоволство. Има интегритет и ќе бара вие да го почитувате тоа.

Најново

Може ќе ве интересира