Живеј го животот вака, живеј го онака… Живејте го како што сакате. Правила нема. Следните редови ќе ве убедат во тоа.rnrn
rn
1. Вашиот живот е поинаков од сите други
rnНема двајца луѓе кои се исти, нема двајца луѓе на кои им се случуваат исти работи и нема такви коишто имаат идентични животи. Сечиј живот е уникатен. Оној кој вие го живеете е толку посебен што никој друг никогаш не го живеел и нема да го живее во иднина. Сте примениле вие некакви правила или не, тоа на крај пак ќе биде така. Вашите искуства ќе бидат уникатни.rn
2. Има некои случајности кои многу решаваат
rnВелат дека среќата ги следи храбрите или дека секој сам си ја создава среќата. Но, како ќе реагираат ако тоа им го кажете на луѓе кои ги изгубиле своите сакани во сообраќајка за која некој друг бил виновен, на оние кои изгубиле некој близок поради болест која не може или не знаеме како се спречува или некој погоден од природна катастрофа. Не може да одречеме дека постојат случајности или, ако сакате, среќа која одлучува за некои работи во животот. На пример, каде сте се родиле, кои ви биле првите пријатели, какви ви биле бабите и дедовците затоа што од нив зависат уверувањата на вашите родители и многу други работи на кои не можеме да влијаеме. Секој од нас може да се бори, но не стартуваме сите од иста позиција токму поради овие случајности кои ги прават правилата за животот релативни.rn
3. Успехот ги лаже луѓето дека многу знаат
rnУспехот го храни егото. Иако постојат многу малку успеси кои се мерливи, оној кому тој му е признаен добива комплименти за неговите квалитети, му се кажува дека е најдобар, најубав, најпаметен… Иако тој има мало животно искуство, ќе мисли дека може да ви дели совети за тоа како да го живеете животот. Можеби може за областа во која успеал, но не и за сè друго.rnrn
rn
4. Зборовите на некои личности имаат поголема тежина од другите
rnАко прочитате некој цитат од Алберт Ајнштајн секако дека ќе помислите дека тоа е врвот на мудроста. Ако истата мисла ви ја каже некој кој не се вика Ајнштајн, сигурно тоа ќе го прифатите поинаку. Не можете самите да расудувате кој совет навистина е добар, а кој не е.rn
5. Можете да мислите со своја глава
rnСекогаш можете сами да извлекувате заклучоци без да слушате некој друг. Можете да мислите со своја глава и сами да ги конструирате правилата за живеење на вашиот уникатен живот. Тие можат да бидат различни од она што го читате во книгите и од она што го зборуваат луѓето, но ќе бидат поточни и посоодветни за вас од било чии туѓи.rn
6. Опасност од импровизации
rnПостојат повеќе начини да постигнете некаков успех во животот, но се наметнуваат само оние кои подобро ќе „се продадат“. Некои луѓе знаат добро да импровизираат, да постигнат успех со малку среќа и многу импровизација и потоа да ви продаваат совети за вие да го постигнете истото. Но, можеби и некој друг ги применил истите тие совети порано и не успеал. На крај оној што знае добро да импровизира ќе се наметне како авторитет и ќе ви зборува за животни лекции кои претходно не биле применливи во нечиј живот и можеби нема да бидат применливи во вашиот живот. А можеби и не успеал баш поради тие правила.rnrn
rn
7. Лекциите доаѓаат и од неуспесите, но никој не го почитува тоа
rnЛуѓето кои нижат успеси постојано повторуваат дека научиле многу од своите грешки. Но, ако сега ви дојде некој и ви зборува за лекции кои ги извлекол од сопствените неуспеси нема да го послушате, туку ќе се обратите кај некого кој веќе успеал. Лекциите се и кај едниот и кај другиот, но никој не го гледа тоа така.rn
8. Постои повеќе од еден пат до среќата
rnКолку што има луѓе, толку има и уникатни животи и патишта до среќата. Луѓето ќе ви кажуваат да одите по нивниот пат затоа што тие стигнале некаде одејќи по него. Сигурно и вие ќе стигнете некаде ако тргнете по истиот пат, но не се знае дали ќе бидете среќни на крај. Постојат многу патишта до среќата, но не се знае кој е наменет за вас.rn
9. Мораме и да се коцкаме по малку
rnПонекогаш има работи на кои не можеме да влијаеме и не можеме да ги предвидиме, а сепак мораме да дејствуваме во врска со нив. Тогаш нема правила.rn
10. И следејќи ги правилата, пак ќе грешиме
rnЖивотот е во ваши раце сè до моментот кога веќе нема да биде. Ќе направите што може да направите, ќе ги следите правилата за животот, но може тие да не функционираат за вас. Едноставно, живејте и прифаќајте ги работите како што доаѓаат. Во животот нема правила кои можат со сигурност да ви донесат задоволство.