КАФЕ ПАУЗА

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Иако постојат мажи што со радост би го пречекале бебето и би ѝ помогнале на партнерката за време на породувањето, има и такви што не сакаат да бидат присутни за време на породувањето. Ова покренува многу прашања во врска со предностите и недостатоците на присуството на таткото за време на породување. Затоа е важно да научите повеќе за работите што може да се случат и во двата случаи.rn

Недостаток 1: Болката може да биде поинтензивна

rn10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето детеrnrnОкситоцинот, познат како хормон на љубовта, е потребен за полесно и за помалку болно породување. Затоа е подобро мажите кои не се подготвени, кои се помалку информирани или се плашат од целиот процес, да не го гледаат пораѓајот. Нивната вознемиреност може да ја зголемите тензијата, а може да доведе и до ситуација во која нивото на адреналин на мајката се зголемува и се намалува нивото на хормонот на љубовта.rn

Недостаток 2: Може да доживее депресија

rn10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето детеrnrnИма мажи кои почнуваат да се чувствуваат немоќни и безнадежни откако ќе бидат очевидци на породувањето. Ова се случува затоа што тие не можат да сторат многу за да помогнат, персоналот ги избегнува и тие се исплашат за животот на жената. Овие чувства обично не се изразени и се впиваат длабоко во нивната потсвест. Симптомите на депресија може да вклучуваат зголемување / губење на тежината, главоболки, замор, па дури и изолација од пријателите и од семејството.rn

Недостаток 3: Може да го комплицира вашиот љубовен живот

rn10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето детеrnrnПовеќето мажи се во ред откако ќе го гледаат раѓањето на своето дете, но има некои кои не се подготвени за тоа, па затоа може да страда нивниот љубовен живот. Присуството на породувањето може да ги минимизира чувствата што парот ги има еден кон друг, претворајќи го нивниот однос во само добри пријатели.rn

Недостаток 4: Раѓањето може да трае подолго

rn10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето детеrnrnКога мајката ќе го држи бебето за првпат, таа се фокусира само на него и тоа ќе ѝ го одвлече вниманието од сè што се случува околу неа. Ова ќе ѝ помогне да ја исфрли плацентата бидејќи хормонот на љубовта е неопходен дури и по раѓањето на бебето. Но, ако таткото е присутен, тој може да биде причината за зголемување на нивото на адреналин и намалување на нивото на потребните хормони.rn

Недостаток 5: Некои работи што ги прават мажите ги вознемируваат жените

rn10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето детеrnrnДури и ако мажот одлучи да биде присутен на породувањето, тоа може да се претвори во навистина лоша идеја, особено ако породувањето трае повеќе од 12 часа. Некои мажи почнуваат да јадат во собата, да гледаат видеа на својот телефон, па дури и може да излезат за време на породувањето.rn

Предност 1: Тој ќе биде присутен во текот на првите минути од животот на бебето

rn10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето детеrnrnДури и ако некои мажи се плашат или се двоумат дали да бидат присутни за време на големиот момент, непредвидливото пораѓање нема да им даде шанса да изберат. Гледањето на саканата личност во болка се претвора во незаборавен момент во кој имаат можност да ги видат првите минути на бебето на овој свет.rn

Предност 2: Може да помогне при доењето од самиот почеток

rn10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето детеrnrnСигурно не сакате да го прекинувате бебето додека цица, па таткото може да ви помогне и да ви донесе пијалок, да ви подаде перница или дури и да ве измасира.rn

Предност 3: Може да ви даде емоционална и физичка поддршка

rn10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето детеrnrnИдните татковци треба да бидат покрај своите жени за време на породувањето затоа што можат да им помогнат да се чувствуваат опуштено и да ги насмеат. Новата мајка ќе биде лишена од сон и исцрпена, но кога нејзиниот маж е таму, таа ќе може да се опушти знаејќи дека бебето е во сигурни раце.rn

Предност 4: Таткото по раѓањето ќе биде повеќе поврзан со детето

rn10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето детеrnrnВо последно време, татковците сè повеќе се вклучуваат во животот на своето дете. Присуството за време на тестот за бременост, прегледите и породувањето може да имаат големо влијание врз таткото, но и врз емоционалниот и когнитивниот развој на детето.rn

Предност 5: Тој ќе може да донесе брзи одлуки

rn10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето детеrnrnПонекогаш породувањето може да тргне во погрешна насока, дури и ако бременоста се одвивала непречено и без никакви компликации. Во тој случај, можеби ќе треба да донесете непланирана одлука, а таткото на детето ќе биде таму за да ви помогне. Има и случаи кога присуството на сопругот може го спаси животот на жената и на детето.rnrnПрочитајте ги овие 25 луди факти за бременоста.