КАФЕ ПАУЗА

10 парчиња облека кои ќе можете да ги носите и следната зима

Спојте го совршениот стил и удобноста со безвремени парчиња облека кои ќе можете да ги носите и следната зима. Доколку следниве 10 облеки се најдат во вашиот шкаф годинава, тогаш со сигурност ќе можете да ги искористите и наредната, а можеби дури и таа по неа. rnrn10 парчиња облека кои ќе можете да ги носите и следната зимаrn

1. Волнен капут

rnВолнениот капут е најелегантната опција за секој маж, кој овозможува одличен баланс помеѓу формалниот и лежерниот секојдневен стил на облекување.rn

2. Темни фармерки

rnБелите фармерки се резервирани за сончевите денови, додека индиго сините и црните фармерки се најпогодни за зимскиот период.rn

3. Волнени чорапи

rnНекогаш дури и најквалитетните чизми не можат да ги згреат нозете, па најдобро е да купите добри волнени чорапи кои ќе ја задржат топлината и ќе го спречат потењето на вашите стапала.rn

4. Кожна јакна

rnКожната јакна е секогаш вистински избор, бидејќи може да претставува одличен слој под зимската јакна, а покрај тоа е топла, мажествена и одговара во многу комбинации. Оваа зима во мода се и моторџиските јакни, кои однатре се обложени со крзно.rn

5. Палто од твид

rnКласичното наследство од Велика Британија во вид на палто од твид уште еднаш потврдува дека се работи за издржливо и пријатно парче облека, со чија помош ќе оставите одличен впечаток во секоја пригода.rn

6. Волнен џемпер

rnВо зима најдобро ќе ве загрее волнената облека, како што се волнените џемпери кои исто така можете совршено да ги комбинирате со кошула. Тие исто така можат да бидат и замена за палто.rn

7. Шал

rnНекои мажи имаат одбивност кон шалови, но треба да разберат дека еден квалитетен шал од волна, кашмир или свила им дава единствен, уникатен стил, како и дека шалот ќе ја освежи секојдневната комбинација.rn

8. Кондури

rnАко сакате нозете да ви останат топли и суви, а притоа да изгледате модерно, потребно е да инвестирате во квалитетни кондури.rn

9. Ролка

rnОваа сезона ролките се вратија во мода, како совршена алтернатива за кошулата и краватата. Комбинирајте ја ролката со морнарски капут или кабаница и нема да зажалите.rn

10. Кожни ракавици

rnВашата омилена зимска комбинација зачинете ја со топли кожни ракавици. На тој начин ќе го збогатите вашиот стил, а истовремено ќе ја зачувате и кожата на вашите раце.