Кога деновите се издолжуваат а времето се стоплува, повеќето луѓе чувствуваат потреба да го исчистат домот „од темел“. Ова е одличен начин да ја отстраните негативноста од зимата и да се подготвите за топлите летни денови. Но, многу често на чистењето гледаме како на напорна обврска. Сепак, ова не мора да биде вака. Постојат неколку начини коишто ќе ви помогнат чистењето да ви биде полесно, ако не и забавно.rn
1. Гумена четка за отстранување влакна
rn
rnrnИако домашните миленици се навистина слатки, понекогаш е неверојатно тешко да се ослободите од сите нивни влакна. Ако имате милениче кое сака да лежи на покуќнината, сигурно се соочувате со овој проблем. Едноставен начин да ги отстраните влакната е гумената четка. Едноставно поминете со неа по покуќнината, па дури и теписите за да ги отстраните несаканите влакна.rn
2. Заменете ја жицата за садови со алуминиумска фолија
rn
rnrnАко сте се откажале од многу јадења бидејќи е навистина тешко да ги исчистите тавичките по готвењето, ова е решението за вас. Наместо да се обидувате да ги отстраните маснотиите и загорената храна со жица, наполнете го садот со топла вода и нежно истријте го со алуминиумска фолија.rn
3. Магичен сунѓер за чиста бања
rn
rnrnАко не сте се обиделе да ја исчистите бањата со магичен сунѓер, веднаш променете го тоа. Навистина ќе ја забележите „магијата“. Едноставно нанесете малку сапуница на магичниот сунѓер наместо на обичниот и воодушевувајте им се на резултатите.rn
4. Восок за автомобил во тоалетната школка
rn
rnrnЗа да го спречите наталожувањето на тоалетата школка, исчистете ја добро и нанесете восок за автомобил. За да го изведете ова ќе треба да го исклучите дотокот на вода до тоалетната школка. Штом ќе ја исчистите и исушите, нанесете тенок слој восок.rn
5. Вотка за останување миризби и нечистотии од душек
rn
rnrnМожеби треба секогаш да чувате шише вотка за коктели, но треба да набавите уште едно шише за чистење. Навистина, вотката можете да ја користите за многу работи. Една од најдобрите е за освежување на вашиот душек. Тргнете ги прекривките и испрскајте го душекот со вотка. Оставете да се исуши неколку часа. Алкохолот ќе ги убие бактериите и ќе ги отстрани непријатните миризби.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
