КАФЕ ПАУЗА

Траума за цел живот: На децата кои се запоставени мозоците им се помали

Траума за цел живот: На децата кои се запоставени мозоците им се помали

Една од последиците од занемарување и запуштање во најраниот детски развој е побавното развивање на мозокот, што резултира во намалување на неговиот волумен, тврдат британски научници од „Кингс колеџ“.rnrnТраума за цел живот: На децата кои се запоставени мозоците им се помалиrnrnГрупа истражувачи од „Кингс колеџ“ во Лондон го набљудувале развојот на посвоени деца кои раното детство го поминале во пеколот на романските сиропиталишта. Откриено е дека обемот на нивниот мозок е 8,6% помал од просечниот мозок на другите деца.rnrnТие велат дека тоа е најубедливиот доказ за влијанието на негативните ефекти врз детскиот мозок во развој.rnrnОд поодамна е познато дека злоупотребата и занемарувањето се искуства кои имаат најголемо влијание врз развојот на мозокот на децата. Високото ниво на кортизол, кое се појавува како резултат на изложеноста на стрес, е поврзано со уништувањето на мозочните клетки и нарушување на врските во мозокот.rnrnЕмоционалното занемарување е скратување на основните емоционални потреби, како што се утешување или учество во социјалниот живот на детето, како и преголемите очекувања од него кои тоа не може да ги исполни затоа што тоа не е доволно зрело или затоа што таквите ситуации не се безбедни за него.rn

Романските сиропиталишта

rnДецата во сиропиталиштата во Романија од крајот на 80-тите најчесто биле многу болни и скоро целосно лишени од физички и психолошки контакт и немале играчки.rnrnПосвоените деца поминале помеѓу две недели и четири години во вакви институции. Претходните студии за децата од овие романски институции кои подоцна биле посвоени од семејства од Велика Британија, покажале дека тие имале проблеми со менталното здравје и во зрелоста.rnrnНекои развиваат симптоми на подвоена личност, други имаат аутизам, некои се со нарушување на вниманието, хиперактивност и дефицит на внимание, како и немање страв од туѓинци.rnrnНајновата британска студија објавена во весникот „Proceedings of the National Academy of Sciencesе“ прва направи скенирање на мозоците на група запуштени деца.rnrnВо истражувањето учествувале 67 романски посвоени деца, а научниците го споредиле развојот на нивните мозоци со развојот на мозоците на 21 посвоено дете кои не биле запоставени во раното детство.rn

Обемот на мозокот е 8,6% помал

rnОна што го откриле научниците прилично ги шокирало. Како прво, вкупниот волумен на мозокот кај романските деца бил во просек 8,6% помал од останатите. Второ, колку повеќе време поминувале во романските сиропиталишта толку обемот на нивните мозоци бил помал, според проф. Сонуга-Барк.rnrnНо, влијанието врз различните регии на мозокот не било подеданкво.rnrnЕден од научниците што учествувал во истражувањето, проф. Митул Мехта рекол дека тој и неговите колеги откриле структурни разлики во трите регии од мозокот и во двете групи учесници во студијата.rnrnОвие регии биле поврзани со функциите како: организација, мотивација, примање информации и меморија.rnrnМехта вели дека овие наоди можат да помогнат во разјаснување на понискиот коефициент на интелигенција и повисоките стапки на АДХД кај возрасни кои систематски биле запоставувани во детството.rnrnСепак, студијата не можела да открие колку занемарувањето и запуштањето во раното детство влијаат врз развојот на мозокот, што значи дека е многу тешко да се утврди какви се последиците од другите трауми од рана возраст, како што е злоупотребата или тешкиот живот на бегалците.rnrnПрофесорот Едмунд Сонуга-Барк смета дека студијата е важна затоа што за првпат убедливо укажува на влијанието на раните проблеми во детството врз развојот на мозокот.rnrnТој вели дека последиците од запуштањето никако не исчезнуваат и се чувствуваат дури и по долгиот период од дваесет години, дури и откако на децата им била обезбедена исклучителна грижа и љубов во семејствата кои ги посвоиле.rnrnМожеби сакате да прочитате и за првото долгорочно истражување кое покажува дека само 2 часа поминати пред екран го оштетуваат детскиот мозок.