Погледнете ги следниве 10 нешта кои имаат неверојатна моќ кога станува збор за возбудување на мажите. Поради некоја причина, тие едноставно не можат да им одолеат. Токму затоа запомнете ги и искористете ги следен пат кога ќе имате шанса. Ви гарантираме дека нема да зажалите.
1. Неговата омилена песна – Воопшто не е важно за која песна станува збор, ако знаете која му е омилена тогаш без сомнение имате ас во вашиот ракав.
2. Траги од вашиот парфем – Без разлика каде и кога ќе го почувствува вашиот парфем, тој веднаш ќе повика секси мисли за вас во неговиот ум. Дури и да го помириса на друга жена која сосема случајно поминала покрај него…
3. Сопствениот гол одраз во огледало – Верувале или не, самиот факт дека неговото тело е голо веднаш ќе ја зголеми неговата возбуда, особено ако има добро мислење за својот изглед.
4. Црвен фустан – Не за џабе се вели дека црвената боја е бојата на љубовта. Дури и студиите докажале дека оваа боја најмногу влијае врз сексуалното расположение.
5. Скокоткање во кревет – Скокоткањето е еден од најчестите фетиши кои многу брзо може да ве опушти и расположи.
6. Гребење на неговиот грб – Станува збор за уште еден фетиш кој исклучително многу ги возбудува мажите.
7. Чиста постелнина – Едно британско истражување открило дека и жените и мажите се возбудуваат повеќе кога се на чиста постелнина.
8. Страв – Да се разбереме, самиот страв кај малкумина предизвикува возбудување, но бидејќи станува збор за физиолошка реакција која е многу слична на онаа предизвикана од возбудата, многу малку е потребно за тој да се замени со неа.
9. Неговата кошула на вашето тело – Поради некоја сè уште непозната причина, мажите обожаваат кога на вашето тело се наоѓа нивната кошула. Уште повеќе ако тоа се случува веднаш по утринското будење, додека вашата коса е бушава…
10. Свирење на музички инструмент – Музичарите се секси. Токму затоа и свирењето на каков било музички инструмент може веднаш да го пробуди неговото интересирање за вас.

