КАФЕ ПАУЗА

10 начини на кои вашите инстинкти ви кажуваат дека сте заглавени во лоша врска

10 начини на кои вашите инстинкти ви кажуваат дека сте заглавени во лоша врска

95% од нашиот ум е сочинет од потсвеста, дел за кој сме свесни многу малку и кој содржи непроценливо богатство. Нашата потсвест комуницира со нас со помош на инстинкти, интуиција, соништа или чувство во стомакот.rnrn10 начини на кои вашите инстинкти ви кажуваат дека сте заглавени во лоша врскаrnrnЗа жал многу често не обрнуваме внимание на овој внатрешен глас и подоцна зажалуваме за тоа. Важно е да научите да станете свесни за вашите инстинкти и со нивна помош да ги донесувате важните одлуки. Една од важните одлуки се интимните врски. Често на почетокот на врската сте преплавени со еуфорија и не размислувате многу за предупредувачките знаци. Па погледнете како вашите инстинкти ќе ви кажат дека таа врска не е за вас.rn

1. Тешко ви е да му верувате на партнерот

rnДовербата, комуникацијата и почитта се столбовите на секоја силна врска. Ако не можете да му верувате на вашиот партнер, имајте на ум дека столбовите ќе се рушат. Одвреме-навреме сите ние кажуваме лаги, но ако инстинктите ви кажуваат дека вашиот партнер многу често не е искрен со вас, време да им обрнете внимание. Во овој случај добро размислете за вашата врска и дали вреди да останете во неа.rn

2. Се чувствувате истрошено откако сте биле со партнерот

rnПонекогаш се случува дружбата со некои луѓе да ви ја украде целата енергија, дури и ако личноста не направила ништо лошо. Причината е што нашето тело може да ја улови негативната енергија. Ако се чувствувате изморено или истрошено по средбата со партнерот, можеби вашето тело ве предупредува да бидете внимателни.rn

3. Најчесто врската ви е здодевна

rnАко сте забележале дека повеќе време минувате во канцеларија или на телефон, можеби во вашата врска нема доволно искри. Како што со пријателите секогаш има за што да разговарате и сакате да поминувате што можно повеќе време заедно, истото треба да се случува и со партнерот. Доколку ви е здодевно, можеби инстинктите ви кажуваат да размислите за врската.rn

4. Постојано размислувате каков би ви бил животот доколку бевте сингл

rnАко постојано размислувате како би ви изгледал животот без партнерот, можеби не сте толку среќни во вашата врска. Во ред е понекогаш да ви недостасува слободата на сингл животот, но ако постојано е во вашите мисли, тоа е лош знак.rn

5. Не правите заеднички планови

rnАко повеќе сакате да минувате време со пријателите, очигледно не ви се допаѓа друштвото на пријателот. Ако не правите доволно заеднички планови за патувања или други настани, тоа е јасен знак дека не сте толку вљубени еден во друг.rn

6. Не можете да бидете автентични со партнерот

rnАко не можете да го покажете вистинското лице и да бидете ранливи пред партнерот, тогаш пред кого би го направиле тоа? Ако сте со вистинскиот партнер, воопшто нема да глумите во негово присуство и нема да постои страв од судење или исмејување. Но ако ставате маска пред него, можеби не сте совршениот пар.rn

7. Не се смеете заедно

rnСмеата е важен дел од врската. Паровите кои можат да се смеат едни со други полесно ги надминуваат тешките проблеми. Ако навистина ви е тешко да се забавувате и да се смеете со партнерот, врската ќе ви стане обврска наместо желба.rn

8. Ви недостасуваат емоционална интимност и поврзаност

rnАко меѓу вас не постои интимност и поврзаност што оди над физичките задоволства, тешко дека ќе останете заедно уште долго. Во силните врски партнерите имаат емоционална интимност и поврзаност и сакаат да созреваат како тим.rn

9. Не сакате да бидете физички интимни со партерот

rnКако што има емоционална интимност, така во секоја врска треба да има и физичката интимност.rn

10. Не се чувствувате безбедно или сигурно со партнерот

rnНашите чувства и емоции можат да ни ги откријат и најдлабоките мисли и желби. Па, важно е да обрнете внимание како се чувствувате. Ако сте несигурни во врската, најдобро е да ја најдете причината за ова и да одредите дали навистина сте несреќни поради партнерот.rnrnПогледнете и кои се знаците кои укажуваат на токсична врска.