КАФЕ ПАУЗА

10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личности

10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личности

Животот со браќа и сестри е навистина прекрасен. Секако дека постојат моменти кога се карате и не можете да се поднесете едни со други, но науката докажала дека браќата и сестрите со себе носат голем број здравствени придобивки. Имено, тие навистина можат да ве направат посреќни, поздрави и подобри личност. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така…rnrn10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личностиrn

1. Браќата и сестрите можат да ве направат среќни подоцна во животот

rnПридобивките од тоа да се има брат или сестра стануваат видливи подоцна во животот. Истражувањата покажале дека блиската врска со браќата и сестрите за време на средовечните години од животот и староста го зголемува позитивното расположение и здравјето во целост. Освен тоа, ако постојано се поддржувате со вашиот брат или сестра, нема да бидете осамени во подоцнежниот период од животот.rn

2. Разгледувањето стари заеднички фотографии може да ви го зголеми оптимизмот

rnВеднаш најдете ги старите семејни албуми со слики! Истражувањата покажале дека носталгијата, односно разгледувањето стари фотографии од вас и вашите браќа и сестри, може да ви го зголеми оптимизмот и да има позитивно влијание на вашите емоции.rn

3. Сестрите можат да ви го подобрат психичкото здравје

rnСпоред едно истражување, здравата врска со вашата сестра без разлика дали е постара или помлада од вас, може да ве заштити од чувството на осаменост, вина, несигурност и страв во текот на адолесценцијата.rn

4. Најмладите деца се позабавни и поголеми авантуристи

rnЕдно истражување од 2015 година открило дека најмладите браќа и сестри во фамилијата имаат подобра смисла за хумор, додека, пак, постарите браќа и сестри се посериозни. Освен тоа, најмладите деца се пољубопитни и поотворени кон нови искуства.rn

5. Најстарите браќа и сестри се поодговорни

rnНајстарите браќа и сестри се попослушни и поодговорни за разлика од помладите. Тие исто така повеќе се фокусираат на семејните вредности и лојалноста. Тоа значи дека секогаш можете да сметате на вашите постари браќа и сестри, а ако вие сте најстарите тогаш знаете да преземете одговорност и многу сте лојални.rnrn10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личностиrn

6. Средните браќа и сестри знаат како да го одржат мирот

rnДосегашните истражувања покажале дека средните деца знаат да прават компромиси и преговори. Во 2010 години, една студија докажала дека средните деца се подруштвени и знаат како да се зближат и со постари и со помлади луѓе од нив. Ова откритие навистина има логика.rn

7. Браќата и сестрите можат да ви го подобрат физичкото здравје

rnНашите најблиски имаат најголемо влијание на нашите секојдневни навики поврзани со здравјето. Според едно истражување од 2011 година, 46% од испитаните луѓе од 12 различни земји верувале дека пријателите и семејството имале најголемо влијание на нивниот начин на живот, физичките активности и здравата исхрана.rn

8. Дружењето со браќата и сестрите може да ви го намали стресот

rnОва важи за луѓето кои ги сметаат нивните браќа и сестри за најдобри пријатели. Истражувањата покажале дека ако поминувате време со вашите сакани, ќе можете да се ослободите од стресот. Освен тоа, експертите тврдат дека браќата и сестрите особено можат да ве заштитат од негативното влијание на стресот за време на детството. Можеби шопинг со вашата сестра е токму она што ви треба во моментов!rn

9. Браќата и сестрите можат да ви помогнат да живеете подолго

rnВреди да создадете блиска врска со вашите браќа и сестри, бидејќи тоа се поврзува со долгиот животен век. Истражувањата покажале дека луѓето кои не се толку блиски со нивните браќа и сестри се изложени на поголем ризик од рана смрт (околу 7,5 години порано од предвиденото), за разлика од оние кои се многу блиски со семејството. Ова е така затоа што семејството и пријателите ве охрабруваат да се грижите за себе и ви пружаат поддршка кога вашето психичко и физичко здравје е загрозено.rn

10. Ќе се чувствувате подобро ако им кажете колку ги цените

rnКое било добро дело (во овој случај искажувањето благодарност) може да ве направи посреќни, но и да го подобри расположението на личноста на која сте ѝ покажале љубов и внимание.rnrnПогледнете ги и овие фотографии кои покажуваат колку е убаво да се има браќа и сестри.