Доктор Дипак Чопра е експерт за благосостојба и „кралот“ на алтернативната медицина, па не треба да ве изненади фактот што неговиот просечен викенд вклучува вежбање јога, пешачење и многу размислување.rnrn
rn
„Недела е ден за одмор. Не е ден за обврски. Нема ништо толку важно што можете да го испуштите.“
rn
Грижа за менталното и физичкото здравје
rnКога е ден за одмор, Чопра всушност прави многу. Се буди во 5 часот наутро и ги поминува првите два часа од денот медитирајќи во креветот.rn
„Практикувам свесност за телото и дишењето прашувајќи се: Како можам да го имам најрадосниот ден?“
rnОд 7:30 до 8:30 часот тој вежба јога, а потоа пие не една, туку дури три шолји кафе.rnrnОколу 9:30 часот ѝ се придружува на неговата сопруга на прошетка околу Њујорк. Секој пат се обидуваат да изодат најмалку 8 километри. По прошетката ручаат заедно. Потоа го минува попладнето анализирајќи ги неговите одлуки и мисли, додека неговата „подружељубива“ сопруга најчесто оди во кино или во музеј со пријателите.rn
Време за креативни проекти
rnПотоа работи на книгата што ја пишува моментално – 89-та по ред. По работењето чита, ги забележува неговите мисли и се подготвува за претстојните предавања.rn
„Следните 30 минути запишувам белешки што ми се собрале во главата, или се подготвувам за говорот што ќе го држам.“
rnГо завршува попладнето медитирајќи и размислувајќи за неговиот ден. Во тој период се враќа кај неговата сопруга, па остатокот од денот го минуваат заедно. Вечераат, пред спиење одат на прошетка во соседството и ги гледаат вестите. Околу 9 часот повторно вежба јога и оди на спиење.rnrnНавистина исполнет распоред за мирен ден за одмор и размислување.rnrnПрочитајте ги и најдобрите цитати од Дипак Чопра кои ќе ја инспирираат вашата внатрешна мудрост.
