КАФЕ ПАУЗА

10 начини како може да си ја уништите врската

10 начини како може да си ја уништите врската

Автор: Боро МирческиrnrnСигурно на сите добро ви е познато ова сценарио: запознавате најдобра девојка на светот, онаква каква што отсекогаш сте посакувале. По интензивно флертување ù го барате бројот на телефон. Секако дека го добивате! Наскоро ја поканувате на првиот состанок. Еден состанок, втор, трет… и работите почнуваат да се одвиваат во најдобар ред. Си помислувате „Ах… конечно врска која води некаде!“ Но, како да се задржи овој момент?rnrn10 начини како може да си ја уништите врскатаrnrnНе дозволувајте вашите чудни навики да станат иритантни. Без искрена комуникација за вашите навики кои вие ги сметате за сосема нормални, врската нема далеку да стигне. Узурпирање на далечинскиот управувач, постојано гледање „странски“ серии и одбивање на каков било компромис околу телевизиската агенда се само дел од карактеристиките кои може да доведат до голема кавга.rnrnПокажете интерес за пријателите на вашиот/та партнер/ка. Дури и самото несогласување со пријателите или членовите на блиското семејство на вашата сакана личност може да биде сериозна причина за прекин на една врска. Мора да се воспостави рамнотежа помеѓу времето за врската, пријателите и секако да се оддели време кога тие две работи се поклопуваат.rnrnНе досадувајте со постојано праќање СМС-пораки во текот на работното време. Зачувајте ја целата комуникација за подоцна, па така ќе имате за што да разговарате во текот на ручекот или вечерата.rnrnНе пишувајте долги љубовни пораки по повод годишнина, роденден, јубилеј… Некому тоа е премногу. Да не говориме за незгодниот момент додека го гледате вашиот партнер како го чита „романот“ кој сте го напишале на една честитка. Така сигурно нема да ви возврати на сè она што е напишано таму. Најдете интересна честитка и потпишете се! Така ќе имате повеќе простор за разговор.rnrnБидете умерени кога ги прераскажувате деталите за вашето минато. Тенка е линијата на толеранција за откривањето колку години сте имале кога сте ја изгубиле невиноста и прераскажувањето на тој настан, особено ако сте девојка. Ако веќе сте прашани за тоа, дадете кратки и јасни одговори и елегантно променета ја темата. Сè што е умерено е убаво!rnrnНе бидете премногу достапни. Ова не значи дека треба да играте игра на недостапност преку игнорирање на телефонските повици и одложување на одговорите на СМС-пораките. Никој не го сака тоа. Ако сте слободни за излегување – слободни сте. Ако не сте – преместете го излегувањето за некој друг попогоден момент. Никако немојте постојано да бидете слободни или постојано да бидете зафатени!rnrnНе прогонувајте го вашиот партнер/ партнерка на социјалните мрежи. Тоа може да го направи несигурен и најсамоуверениот човек во светот.rnrnНе форсирајте ги работите. Дозволете вашата врска да се развива спонтано. Оставете времето да си го покаже своето.rnrnНе трчајте по партнерот/партнерката. Секако дека секој сака да добие мало внимание од девојката која штотуку ја запознал, но немојте да бидете неумерени и нападни.rnrnАко еден ден сакате да создадете семејство со новиот партнер/партнерка, а нему/неа тоа не му/ѝ се приоритети за блиска иднина, тогаш откажете се од врската. Верувајте дека не можете никому да му ги промените животните планови и приоритети во краток рок. За тоа треба време и трпение и секако, искрен разговор.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.