Дали некогаш сте размислувале за модните трендови кои момците (не) сакаат да ги видат на својата партнерка? Поголемиот дел од жените се свесни за облеката која мажите сакаат да ја видат на нив, но некои тренди модни парчиња од оваа листа се навистина неочекувани. Секако, секогаш е најважно да го облечете и да го носите она во кое вие се чувствувате убаво и удобно, а не она што најмногу го сака вашиот партнер. Меѓутоа, мислењето од спротивниот пол е секогаш интересно, а особено доколку станува збор за парчињата облека кои мажите ги одобруваат…
rn
1. Голем шешир
rnАко ги прашувате момците, ова ретро парче е едно од омилените модни додатоци на жените. Тоа ги враќа во интересно минато време, изгледаат дамски и им ја поттикнува фантазијата.
rn
2. Фармерки со висок струк
rnЈа нагласуваат фигурата и во нив задникот секогаш изгледа фантастично.
rn
3. Тренди џемпери
rnЏемперите со интересни натписи или слики се знак дека девојката има стил, карактер, смисла за хумор и доволно самодоверба за да го покаже тоа.
rn
4. Спортска облека
rnСо еден збор – хеланки. Ако ги прашате момците кому треба да му дадат Нобелова награда, нивниот одговор ќе биде, на личноста која ги измислила спортските хеланки од ликра во кои женското тело изгледа совршено.
rn
5. Ретро рокерска блуза
rnИако момците најчесто не ја разбираат женската мода и парчињата облека што се во тренд, ретро блузите со принт од некој рокерски бенд за нив има совршена смисла. Само бидете сигурни дека вашата блуза е доволно мала за да не ја „позајми“ вашето момче.
Преминете на следната страница за повеќе модни трендови што мажите ги одобруваат…rn


