КАФЕ ПАУЗА

Време е за топли есенски промени во вашиот дом

Мораме да признаеме дека кога станува збор за декорирањето во домот, сите ние обожаваме да имаме барем едно меко и удобно ќоше каде што можеме да се склопчиме кога ќе почнат студените денови. Есента е време за уживање во малите нешта во удобноста на својот дом – читање добра книга, филмски маратон, топло чоколадо, греено вино… и сè ова делува уште позадоволително ако домот е соодветно уреден.rnrnrnrnГлавното правило за преуредувањето на домот за есента, без разлика дали е топло, удобно, полно со детали, е тоа што нема не треба да ве чини ништо. Вие веќе имате сè што ви е потребно во домот, само треба да знаете како да ги искористите овие залихи.rnrnНа пример, обогатете го просторот за одмор со перници со смирени бои и топли, меки ќебиња во кои ќе можете да се замотате веднаш штом дојдете дома. Исто така, извадете ги старите миризливи свеќи со мирис на јаболка, цимет и тиква кои ќе го внесат духот на есента во вашиот дом, додавајќи и топлина и атмосфера.rnrnrnrnКога станува збор за боите, оваа есен најпопуларни се сината, окер жолтата, бакарната и беж бојата. Токму овие бои ќе ви го разубават и стоплат просторот, но и ќе ви го освежат делот од домот каде што поминувате најмногу време.rnrnОд растенијата, нема подобар избор од кактусот. Тој ќе биде најтоплиот додаток покрај вашата есенска шолја за кафе или чај.rnrnrnrnКако што можете да видите не треба многу за да го подготвите вашиот дом за есента. Сè што треба е само да го одберете вашиот омилен дел од домот и да го претворите во мека и топла тврдина што ќе ве заштити од студените есенски и зимски денови.rnrnЌе ве воодушеви: Погледнете го и овој прекрасно декориран стан во есенски стил од само 45 метри квадратни.