КАФЕ ПАУЗА

10 квалитети што треба да ги поседува секое човечко суштество

10 квалитети што треба да ги поседува секој човек

Written by

in

,

Постојат одредени карактеристики што треба да ги има секое човечко суштество. Карактеристики што имаат моќ да им помогнат на другите и да нè поврзат со себе и со светот на подлабоко ниво.rnrn10 квалитети што треба да ги поседува секој човекrn

1. Верба

rnВерба во себе и во сè што сте. Верба во вашите способности. Верба во животот и во бесконечната интелигенција што нè создала сите.rn

2. Храброст

rnХраброст да го создадете животот кој длабоко во себе знаете дека заслужувате да го живеете. Храброст да одите каде што повеќето луѓе не се осмелуваат да одат. Храброст да бидете личноста којашто сте родени да бидете.rn

3. Љубов

rnЉубов кон себе. Љубов кон пријателите. Љубов кон вашето семејство. Љубов кон работата. Љубов кон планетата и љубов кон вашиот живот. Љубов кон оние кои ве сакаат, и љубов кон оние кои не ве сакаат.rn

4. Длабоко чувство на поврзаност

rnЧувство на припаѓање и длабоко чувство на поврзаност кон сите нешта, луѓе и места. Препознавање себеси во сè и секој. Разбирање на единството на сите нешта.rn

5. Имагинација

rnСпособноста да инспирирате и да се чувствувате инспирирано. Способноста да го користите вашиот ум за да создадете нови светови и да откриете нови димензии. Да одите онаму каде што никој не бил и да ги направите нештата што никој ги нема направено.rn

6. Одбивање на застрашувачките нешта

rnСпособноста да ги одбиете сите нешта што потекнуваат од стравот. Да ги игнорирате, да ги одбиете и да покажете рамнодушност кон оние нешта што прават да се чувствувате одвоено од вас, од светот околу вас, од нештата што ги посакувате и од вашите соништа.rn

7. Благодарност

rnЦенење и заблагодарувања за нештата што се овде, но и за нештата што ги немате. За нештата што веќе ги имате, за животот што го живеете сега и за многуте благослови што ви ги испратил животот и што допрва ќе ви ги испраќа.rn

8. Отворен ум

rnЧист и отворен ум што ги прима сите и сè. Без потреба да судите и обележувате луѓе и искуства кои не се поврзани со вас.rn

9. Доверба

rnВерувајте во моќта и мудроста на животот. Верувајте дека никогаш не добивате повеќе од она со коешто можете да се справите. Верувајте во себе, верувајте во вашите внатрешни моќ и мудрост и верувајте во способноста да ги добиете нештата што сакате да ги добиете.rn

10. Одвојување

rnСилата да ги оставите нештата што повеќе не ви служат. Сите места и сите луѓе што повеќе не ви требаат или не ги сакате во вашиот живот. Способноста да се ослободите од вашите ограничувања, стравови, сомнежи и несигурности. Тргнете го фокусот од личноста што сте и насочете го кон личноста која сакате да бидете. Силата да му дозволите на вашето старо јас да „умре“ за да може да се роди сосема нова личност.rnrnШто мислите вие, што е тоа што ги прави луѓето вредни и достојни?