Понекогаш најевтините работи може да бидат оние кои се всушност и најнеопходни за секојдневните комбинации. Еве 10 парчиња облека и модни додатоци кои ќе го сменат вашиот целокупен изглед, се разбира, на подобро.rnrn
rn
1. Шнолички за прицврстување во боја
rnНеуредната фризура надополнета со шноли во разни бои наеднаш станува модерна.rnrn
rn
2. Платнена чанта со везен амблем
rnБезвременска чанта што собира сѐ, особено кога имате многу обврски надвор од домот. Кога е во кул боја и со дискретен, а сепак впечатлив амблем, таа станува уште пошик.rnrn
rn
3. Старки
rnКремасти, бели или црни, ова се патики за многукратна употреба и се секогаш добредојдени. Тие можат да бидат или високи или ниски, а одат одлично со „износена“ облека.rnrn
rn
4. Апостолки во металик нијанса
rnПар обични златни или сребрени апостолки ќе направат да блеснете во топлите летни денови.rnrn
rn
5. Обична бела маичка
rnОвие маички одговараат со сѐ, од широки пантолони до класично макси здолниште. А ако сакате да експериментирате со пошироки варијанти, не плашете се да облечете машки модел.rn
rn
6. Марама за на глава
rnМарамата може целосно да влијае на стилот и при наједноставните комбинации. Комбинирана со машка кошула и фармерки ќе изгледате како пин-ап девојка од 60-тите.rnrn
rn
7. Панамски шешир
rnПоширокиот шешир со обод не само што целосно го крие вашето лице од сончевите зраци, заштитувајќи ја вашата скапоцена кожа, туку дава и ноншалантен изглед кој одлично ќе ја надополни вашата облека во летниот период.rnrn
rn
8. Специфични хулахопки
rnНетранспарентните хулахопки во смели бои или принтови го освежуваат изгледот, а можат и да му дадат топлина и скромност. На риги, пепито или карирани, овие принтови се класични и кул, додека јаките бои како темносината или аловата му додаваат друга димензија на монохроматскиот изглед.rnrn
rn
9. Нежни златни детали
rnМали примеси од злато ќе изгледаат прекрасно на вас без да бидете приморани да ограбувате банка.rnrn
rn
10. Тексас кошула
rnКласичната тексас кошула може да се носи секој ден бидејќи одговара со сѐ. Изгледа слатко наметната преку летно фустанче, а паметно кога сте облечени од глава до пети во џинс.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
