Сите ние сакаме да го заштитиме нашето семејство и да го задржиме здравјето. Овие совети ќе ви помогнат да создадете поздрава средина за живеење во вашиот дом, без да ви одземат време и пари.rnrn
rn
1. Купувајте помали чинии
rnМногу од нашите одлуки за јадење се психолошки, што значи поздравата исхрана може да почне со купување помали чинии. Ова ќе води до помали порции и подобро здравје.rn
2. Користете памучна постелнина
rnПостелнината од синтетика може да содржи многу штетни хемикалии. Кога ќе почнете да користите природни материјали, ќе се заштитите од нив, а ова е особено важно доколку страдате од алергии.rn
3. Не палете свеќи
rnОбичните свеќи содржат парафин и нафта, па кога ќе ја запалите свеќата вие буквално палите гориво во вашиот дом. Ако навистина сакате свеќи, побарајте некои кои се направени од соја. Можеби се поскапи, но горат значително подолго.rn
4. Не користете есенцијални масла
rnОвие масла не само што се популарни, туку е познато и дека се добри за вашето здравје. Но, ако ги користите со парафински свеќи, вие ги отстранувате здравствените придобивки. Користете есенцијални масла во навлажнувач за воздух.rn
5. Користете природни продукти за убавина
rnНашето тело апсорбира дел од продуктите кои ги ставаме на кожата, па затоа важно е да користите природни продукти секогаш кога е можно.rn
6. Но, осигурете се дека се навистина ефективни
rnНекои истражувања покажале дека само 26% од природните креми за заштита од сонце ја нуделе потребната заштита, а само 58% од кремите со хемикалии. Затоа, секогаш осигурувајте се дека продуктот кој го купувате е навистина ефикасен.rn
7. Снабдете се со здрава храна
rnНие го јадеме она што ни е достапно. Па, кога ќе ја наполните кујната со здрава храна, а ќе ги отстраните сите грицки и слатки, вие ќе почнете да се храните поздраво.rn
8. Растенија во домот
rnИма многу здравствени придобивки од чувањето растенија во домот. Тие може да го подобрат вашето расположение, да го намалат ризикот од некои болести и да го прочистат воздухот во домот.rn
9. Внимавајте на температурата во домот
rnВнимавајте, понекогаш температурата која ви е удобна може да биде превисока за вашето здравје. Спиењето во студена просторија го намалува ризикот од дебелеење и дијабетес тип 2. Ако поминувате многу време во топли простории, го попречувате природното согорување на калории на телото.rn
10. Проверете ги вашите аларми
rnОпремете го домот со аларми за чад и јаглероден моноксид. Проверувајте ги секој месец, а менувајте ги нивните батерии секоја година.rnrnПогледнете и кои канцерогени производи се наоѓаат во вашиот дом.