КАФЕ ПАУЗА

Повторувајте си ги овие работи секој ден за полесно да се справите со анксиозните чувства!

Повторувајте си ги овие работи секој ден за полесно да се справите со анксиозните чувства!

Written by

in

,

Ако страдате од анксиозност, сигурно честопати се справувате со напнати и негативни мисли, што, од друга страна, доведува до ментална исцрпеност. Симптомите на анксиозност можат да бидат непријатни и негативно да влијаат врз квалитетот на животот, но важно е да можете да ги препознаете.rnrnПовторувајте си ги овие работи секој ден за полесно да се справите со анксиозните чувства!rnrnДоколку сакате да си помогнете, имајте ги на ум овие позитивни реченици кои можете да ги повторувате секој ден и на тој начин да ги трансформирате вашите мисли од негативни во позитивни.rn

1. Јас сум безбеден/а и заштитен/а во овој момент.

rnОвие зборови ќе ви помогнат да сфатите дека опасноста не постои. Така ќе можете да се опуштите.rn

2. Одлучувам да се откажам од сите грижи.

rnОва е нешто што можете да го повторите навечер пред спиење, за да се ослободите од секојдневните грижи и да му се препуштите на вашето вистинско „јас“.rn

3. Верувам во мојата способност да се соочам со секоја ситуација.

rnАко ги изговорите овие зборови си давате сила полесно да се справите со стресот и анксиозноста.rn

4. Имам контрола над моите мисли и избирам тишина.

rnСо оваа изјава покажувате дека сте господар на вашиот живот и дека можете да ја победите анксиозноста.rn

5. Јас сум достоен за внатрешен мир и спокојство.

rnОваа изјава ќе ви донесе чувство на смиреност и релаксација.rn

6. Го оставам зад себе она што не можам да го контролирам и се фокусирам на она што можам.

rnКажувајќи го ова во огледало, секој ден ќе гледате како го менувате погледот на животот и полесно наоѓате решенија за секој предизвик.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за справување со анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги намалите стресот и анксиозноста со помош на техниката 5-4-3-2-1.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs