rn
7. Истегнување на рамено
rnМускули кои се истегнуваат: Странични делтоиди
Изведба: Испружете ја едната рака покрај телото и нежно притиснете ја со другата за подлабоко истегнување. Повторете и со другата рака.rn
8. Истегнување на грбни мускули
rnМускули кои се истегнуваат: Трапезести мускули
Изведба: Застанете со споени нозе. Бавно вратете ги колковите назад, а со помош на дланките наведнете ја главата напред. Обидете се да ги допрете градите со брадата.rn
9. Поза триаголник
rnМускули кои се истегнуваат: Надворешни стомачни коси мускули
Изведба: Застанете со нозете раширени малку повеќе од рамената. Испружете ги рацете од страна. Вашето десно стапало е свртено на десно. Ставете ја десната дланка на десното стапало и со исправен грб испружете ја левата рака нагоре. Повторете и на другата страна.rn
10. Поза куче свртено надолу покрај ѕид
rnМускули кои се истегнуваат: Пекторални
Изведба: Застанете потпрени на ѕид и бидете доволно оддалечени за горниот дел од телото да ви биде паралелен со подот. Полека истегнувајте ги градите надоле.rn
11. Истегнување на ‘рбетот
rnМускули кои се истегнуваат: Глутеални и надворешни стомачни
Изведба: Легнете на подот. Свиткајте го десното колено и помрднете ја ногата на лево преку вашето тело. Нежно притиснете ја со раката за подлабоко истегнување. Повторете со другата нога.rn
12. Странично истегнување
rnМускули кои се истегнуваат: Надворешни стомачни мускули
Изведба: Застанете исправено и бавно свиткајте го телото на десно. Повторете и на другата страна.
Продолжува на следната страница…rn

