Алис Робинсон од Англија тестирала неколку популарни техники и успеала да „порасне“ 1,5 сантиметри за една недела. Таа го истегнувала рбетниот столб и го зголемувала интервертебралниот диск за 1-2 милиметри. Правилното држење на телото исто така може да додаде некој сантиметар на вашата височина.rn
Како е ова возможно?
rn
rnrnВсушност, вие станувате повисоки додека спиете. Дури и 10-минутно лежење на грб додава 5 милиметри височина. Ова се случува поради „смалување“ на ‘рбетот во текот на денот, и неговото враќање во нормала кога сте легнати. Можете издолжувањето да го направите „трајно“ со одредени вежби. Сепак, ако сте ги поминале годините за раст (над 25) нема да има некои зачудувачки резултати.rn
Возење велосипед
rn
rnrnЗа да пораснете додека возете велосипед, наместете го седиштето повисоко, така што ќе мора да ја истегнете ногата за да ги допрете педалите. Но, немојте да го поставите премногу високо бидејќи може да ги оштетите колената.rn
Висење на шипка
rn
rnrnОва е лесна вежба. Не треба да правите ништо, само висете најдолго што можете, и постепено зголемувајте го времето. Оваа вежба помага во зајакнување на мускулите на стомакот и грбот.rn
Стоење на рамена
rn
rnrnВо оваа поза истегнете ги нозете нагоре најмногу што можете. Важно е телото да ви биде под прав агол и внимавајте да не ви „паднат“ нозете, бидејќи можете да се повредите.rn
Правете ја вежбата „кобра“
rn
rnrnПокрај тоа што е одлична за вашиот ‘рбет, оваа вежба ќе ви ги истегне грбот, стомачни мускули, задниот дел од колковите и задникот.rnrnПродолжува на следната страница…rn