rn
6. Смуди
rn
rnrnЧесто кога приготвувате смуди може да додадете премногу состојки. Овошјето и зеленчукот ја губат својата форма, па мислите дека порцијата е премногу мала и го декорирате со шлаг пена или нешто слично, мислејќи дека го правите похранливо. Како резултат на ова, вашето смуди има многу шеќер. Исто така не е препорачливо да се јадат портокали, манго или банани наутро.rnrnПредлог: Мерете ги состојките за да знаете колку навистина ви се потребни.rn
7. Млеко
rn
rnrnНаучниците не препорачуваат да се пие млеко наутро бидејќи го стимулира производството на киселини во стомакот. Исто така може да ви предизвика и акни ако имате проблематична кожа.rnrnПредлог: Пијте млеко наутро, но само по оброкот.rn
8. Обезмастен јогурт
rn
rnrnАко сакате да се храните здраво, не го избегнувајте полномасниот јогурт. Всушност, тоа го поттикнува производството на хормонот холецистокинин кој помага во одржувањето на линијата, го зголемува отпорот на стрес и го подобрува расположението.rnrnПредлог: Одберете природни јогурти кои содржат 3-5% масти.rn
9. Сендвичи или брза храна
rn
rnrnКога сте во брзање, најлесниот појадок е некој сендвич од продавница или пекара. Но, овие сендвичи содржат многу канцерогени материи и лоши масти. Покрај тоа, потребно е подолго време за да се обработат вишокот калории.rnrnПредлог: Сендвичите приготвувајте ги дома и користете свежи состојки.rn
10. Колбаси
rn
rnrnКолбасите содржат масти, сол и додатоци за вкус кои го иритираат стомакот, па дури и го зголемуваат ризикот од рак.rnrnПредлог: Вареното или печеното пилешко е одлична алтернатива за колбасите.rn
11. Сланина и јајца
rn
rnrnНутриционистите не го препорачуваат овој појадок бидејќи сланината содржи премногу холестерол и заситени масти кои предизвикуваат кардиоваскуларни болести.rnrnПредлог: Омлетот е многу поздрав оброк од пржени јајца со сланина. Покрај тоа во него можете да додадете и зеленчук, како домати или брокула.rnrnПогледнете и неколку предлози за здрав и вкусен појадок.
