n
11. Не можете да носите бели и жолти метали истовремено
nnОвој стереотип остана во минатото. Се појавил кога златните предмети биле користени како симбол за богатство и висок статус во општеството. Денес познатите дизајнери успешно ги комбинираат белите и жолтите метали во едно парче накит. Всушност, оваа комбинација може да изгледа навистина добро.n
12. Не треба да има повеќе од 3 бои во еден аутфит
nnОва правило важи само ако добиете покана од кралицата или присуствувате на некој официјален настан со кодекс за облекување. Никој не може да го ограничи бројот на бои што сакате да ги носите. Најважно е да одговараат една со друга и да изгледаа добро. Ако некои детали од вашиот аутфит се шарени, не значи дека другите парчиња облека мора да бидат со таа боја или принт.n
13. Обетките не треба да се носат со ланче
nnНосењето повеќе слоеви накит е навистина популарно денес. Кога одбирате модни додатоци, најдобро е да обрнете внимание на нивната големина, а не на бројот. На пример огромните обетки со кристали и ланчето со ист дизајн ќе изгледаат чудно ако одите на прошетка, додека малите обетки, минималистичкото ланче, па дури и нараквица, ќе го освежат вашиот изглед.n
14. Спортската облека се носи само за спортски активности
nnДо неодамна спортската облека беше само за во теретана. Надвор од неа ја носеа само децата. Но со прославување на трендот за здрав живот, и спортскиот стил стана дел од гардероберот на многумина. Денес не е изненадувачки да видите комбинација од здолниште и патики. Се разбира, потребно е да бидете внимателни колку спортски парчиња носите. На пример, хеланките и патиките сè уште се комбинација за џогирање.n
15. Разните принтови не си одговараат
nnНосењето различни принтови во еден аутфит бара вистински талент и вкус за стил. Ако сметате дека сте навистина добри во комбинирање, зошто да не експериментирате со дезени? Модата им простува дури и на познатите ако направат грешка, но ако успеете ќе бидете наградени за вашиот изглед.nnПробајте ги и овие едноставни трикови кои ќе ве претворат во вистинска модна ѕвезда.

