Автор: Златко Ѓорѓијоски
Од нарушување во мозокот кое предизвикува преголема великодушност и постојани ерекции до шестгодишно девојче со „плочки“ на стомакот – ова се 10-те најчудни медицински состојби.
rn
1. Базолатерални лезии на амигдалата (дел од челниот мозок)
rnОвие „повреди“ настануваат во внатрешноста на мозокот и предизвикуваат нарушување во центрите кои се одговорни за чувството на доверба. Луѓето кои ги имаат се претерано дарежливи и им помагаат на сите кои бараат каква било помош од нив, дури и кога не можат да си го дозволат тоа. Идеални жртви за измамниците.rn
2. Постојана полова возбуденост
rnВиновникот е нарушување во работата на нервниот систем кој цело време му праќа сигнали на репродуктивниот систем да биде во полна спремност. Оргазмот е само краткотрајно решение, лек за оваа болест не постои.rn
3. Урбах-Витев синдром
rnОваа болест го погодува она подрачје од мозокот кое е одговорно за емоциите, првенствено за стравот. Последица е нечувствување страв дури и во екстремно стресни и застрашувачки ситуации.rn
4. Рос синдром
rnНевролошка состојба кога очите реагираат на светлина покасно од нормалното. Исто така, таа ги спречува заболените да се потат, и предизвикува прегревање на телото. Затоа додека овие луѓе се физички активни, мораат да носат мокра опрема.rn
5. Котардов синдром
rnОвој синдром се манифестира со длабоко депресивни и хипохондрични мисли дека болните се грешници, се ближи нивната пропаст и крај на светот. Освен верувањето дека се мртви, овие пациенти можат да веруваат дека се и бесмртни, и притоа пробуваат да го докажат тоа со самоубиства. Во најлошите примери, пациентите се жалат на интензивна смрдеа на сопственото тело и халуцинираат дека по органите им „шетаат“ црви.rn
6. Мускулна хипертрофија
rnВо оваа состојба телото го кочи производството на миостатин кој го спречува растењето на мускулите. Како последица се појавуваат мускули без преголем напор, и така децата од шест години може да имаат „плочки“ на стомакот како бодибилдерите и без проблем можат да дигаат тегови со непропорционална тежина.rn
7. Гастрошиза
rnОва е вроден недостаток на стомачниот ѕид. При раѓањето абдоминалните органи се надвор од стомачната шуплина – обично тоа се цревата и желудникот. За среќа, по операцијата околу 90 проценти од пациентите преживуваат.rn
8. Аналгезија
rnСостојба на безболност. Заболените не чувствуваат болка. Затоа можат да чекорат со скршена нога, да имаат длабоки изгореници и притоа да не почувствуваат ни најмала болка или нелагодност.rn
9. Хиперплексија
rnЗаболените се исклучително чувствителни на звуци, и лесно можат да се исплашат од нив. Така кршење на чаша или паѓање на предмет може да предизвика парализираност од страв.rn
10. Синдромот Авто-Паб
rnГабично заболување кое ги претворило цревата на еден човек од Тексас во фабрика за алкохол. Неговите црева ги претворале остатоците од храна во алкохол, причина поради која секој ден бил пијан, иако не ни помирисал алкохол.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

