rn
8. Отворање тегли
rnСекој од нас има пробано да отвори затегната тегла со помош на крпа. Но, ако овој стар трик не успее, ние имаме друга алтернатива. Обидете се да користите гумен ластик исто како на фотографијата. Резултатот може да ве изненади.
rn
9. Мерење разни продукти со помош на лажица
rnЗа да добиете прецизни мерки на некој производ, користете парче селотејп залепено на врвот од кутијата.
rn
10. Фиксирајте ја даската за сечење на едно место
rnЗа да се осигурате дека даксата за сечење нема да „мигрира“ по целата маса додека ја користите, едноставно ставете влажна хартиена крпа под неа.
rn
11. Продолжете го животот на восочните свеќи
rnОвој трик е генијален. Ставете ја вашата восочна свеќа во фрижидер во текот на целиот ден пред да ја запалите. Свеќата ќе гори многу побавно, и ќе трае дупло подолго.
rn
12. Користете шпагети наместо кибрит
rnМожеби звучи чудно, но ова навистина успева. Кога ќе немате кибрит при рака, може да го замени стапче сирова шпагета. Ќе може да запали најмалку две свеќи.
rn
13. Зацврстете ги кесите за ѓубре
rnСите ние знаеме дека пластичните кеси за отпадоци знаат да се лизнат и тоа да предизвика иритација кај нас. Но, сепак постои едноставно решение за ова: закачете ја кесата на страните од кантата со помош на закачалки за алишта.
rn
14. Исчистете ги стаклените шишињата
rnНе е секогаш лесно да пронајдете соодветна четка за чистење на стаклените шишиња, но постои еден трик кој може да ви помогне. Ставете неколку искршени лушпи од јајце во шишето, затворете го и добро протресете го. Лушпата од јајцето ќе ги исчисти сите нечистотии од внатрешните страни на шишето, а потоа само е потребно да го исплакнете.
rn
15. Декорирање на торти
rnЕдноставен и брз начин за декорирање на тортите и колачите е да напрскате шеќер во прав низ парче чипка.

