rn
11. Прекумерно пиење
rnПрекумерното консумирање на алкохол исто така може да води до прерано стареење. Пиењето алкохол го зголемува недостигот на потребните хранливи материи во телото како што се витамините, електролитите и течностите. Како што ги губите овие важни материи, вашата кожа изгледа нездраво.rn
12. Долго туширање со жешка вода
rnТуширањето со жешка вода навистина е одлично но може да предизвика сува и иритирана кожа. Причината за ова е тоа што топлината ја трга природната влажност на кожата особено кога ќе се комбинира со сапун или шампон. Секогаш туширајте се со млака вода и не подолго од 10 минути. После туширањето не заборавајте да нанесете лосион за тело.rn
13. Не спиете доволно
rnНашето тело, особено нашата кожа, има потреба од сон за да се обнови. Недостатокот на сон води до зголемување на хормонот за стрес што може да предизвика појава на акни и ослабување на имунитетот. Спијте од 7 до 8 часа навечер, во темна тивка соба каде што нема да ви се одвлекува вниманието. Одењето во кревет во исто време секоја вечер ќе му помогне на вашето тело да „научи“ кога е време за спиење, па ќе ви биде многу полесно да заспиете.rn
14. Не ги чистите четките за шминкање
rnЧистењето на четките за шминкање е многу важно за здравјето на вашата кожа. Тие содржат многу бактерии кои доколку не ги отстраните може да нанесат сериозна штета на вашата кожа. Со ова не само што ќе ги уништите бактериите, туку ќе го продолжите животот на вашите четки. Чистете ги барем еднаш неделно со шампон.rn
15. Пиете кравјо млеко
rnПиењето млеко можеби изгледа како добар извор на некои хранливи материи, но всушност може да предизвика појава на акни. Кравјото млеко содржи хормони кои предизвикуваат прекумерно лачење на маснотии, а ова води до затворени пори и појава на акни. Подобро пијте бадемово млеко кое не ги содржи хормоните кои се наоѓаат и во кравјото и во соиното млеко.
Погледнете ги и овие практични совети за блескава кожа на лицето.

