КАФЕ ПАУЗА

14 знаци кои покажуваат дека сте подготвени за сопствен бизнис

Written by

in

,

rn

8. Можете да бидете сам свој шеф

rn14 знаци кои покажуваат дека сте подготвени за сопствен бизнисrnrnОсвен ако не планирате да најмите директор што ќе го води бизнисот, вие ќе бидете новиот шеф. Ова значи дека ќе бидете одговорни, ќе се грижите за вашиот распоред и ќе се справувате со големите проблеми. Над вас ќе нема никој друг за да ви помогне.rn

9. Знаете да бидете шеф на други

rn14 знаци кои покажуваат дека сте подготвени за сопствен бизнисrnrnДоколку имате вработени, ќе бидете нивен шеф. Ова значи дека ќе треба ефективно да се справите со процесот на вработување и тренирање, да се справите со проблемите и да ги мотивирате вработените.rn

10. Имате мрежа

rn14 знаци кои покажуваат дека сте подготвени за сопствен бизнисrnrnАко веќе знаете многу луѓе во посакуваната индустрија, ова може да биде клучно за вашиот успех. Комуницирањето со мрежата ќе ви помогне да добиете совети, препораки, па дури и да најдете потенцијални клиенти и потрошувачи.rn

11. Имате систем за поддршка

rn14 знаци кои покажуваат дека сте подготвени за сопствен бизнисrnrnНе е лесно да започнете сопствен бизнис, но ако имате семејство и пријатели кои се овде за вас ќе ви биде многу подобро. Не само што ќе имате на кого да се потпрете кога ќе наидете на проблеми, туку ќе имате со кого да ги прославувате успесите.rn

12. Подготвени се да ги издржите и добрите и лошите периоди

rn14 знаци кои покажуваат дека сте подготвени за сопствен бизнисrnrnАко сакате сопствен бизнис, подгответе се за вистинска луда железница. Со секој успешен чекор напред, може да има неуспеси кои ќе ве присилат да се вратите назад. Но овие проблеми не мора да бидат постојани пречки. Потребно е да го прифатите неуспехот и да продолжите да се борите.rn

13. Подготвени сте за неуспех

rn14 знаци кои покажуваат дека сте подготвени за сопствен бизнисrnrnИ покрај целото планирање и напорна работа, постојат безброј други фактори кои можат да имаат влијание на успехот на вашиот бизнис. Ова значи дека иако е тешко да признаете, постои можност вашиот бизнис да не успее. Во тој случај потребно е да можете да се справите со финансиските и емоционалните последици. Пред да го направите чекорот, осигурете се дека сте целосно свесни за ризиците.rn

14. Подготвени сте за успех

rn14 знаци кои покажуваат дека сте подготвени за сопствен бизнисrnrnПотребно е да бидете подготвени и за успех. Ако нештата одат по план, постојано ќе имате работа и вашиот распоред ќе биде натрупан. Ќе треба да се справувате со одговорностите кои постојно се појавуваат и ќе треба да донесувате смели одлуки. Можеби ќе треба да се справите со повеќе вработени и со повеќе пари отколку што сте мислеле. Важно е да разберете што навистина доаѓа со успехот.rnrnАко се пронајдовте во овие точки, најверојатно сте подготвени за сопствен бизнис. Со среќа!rnrnПогледнете и зошто е одлично да започнете сопствен бизнис.