Можеби веќе сте задоволни со вашето моментално работно место, меѓутоа сите ние би сакале еден ден да започнеме наш сопствен бизнис. Чувството дека не зависиме од никого и дека самите го избираме работното време е нешто поради кое би вредело да се обидеме и конечно да станеме самите свои газди. Но, сепак постојат уште неколку одлични причини и време е да дознаете за нив.rnrn
rn
1. Сами го избирате работното време
rnНие најдобро се познаваме себеси, односно можноста за избирање на работното време и како тоа може да влијае врз подобрување на нашата продуктивност. Доколку сте ноќна птица, конечно ќе можете да се прилагодите на вашите навики. А најдоброто од сè е тоа што никој не може да ви замери. ВИЕ СТЕ ШЕФ! Можете да направите пауза колку што ќе посакате, да одите на тренинг, на докторски преглед и сето ова без ничие одобрување.rn
2. Сами го креирате вашето работно опкружување
rnНајверојатно не ви се допаѓало однесувањето на вашите претпоставени, но сега кога сте вие главни, имате можност да промените сè! Допуштете им го на вашите вработени она што вие сте сакале да ви биде достапно во текот на претходното работно искуство. Нека главното и едноставно правило биде: Нема проблем, сè додека работата се завршува навремено.rn
3. Ги извршувате работите од дестинација што ви одговара
rnМожеби денеска не ви се станува од креветот, па тогаш зошто не би ја завршиле работата токму од него? Кога водите свој бизнис, работата можете да ја извршувате во омиленото кафуле, на плажа или пак, во градскиот превоз.rnrn
rn
4. Чувствувате константно задоволство
rnКога веќе сме осудени да работиме целиот живот, најдоброто нешто што можеме да си го овозможиме е да се занимаваме со она што не исполнува и со она во што сме најдобри.rn
5. Сами ги избирате колегите
rnГо знаете она чувство кога се занимавате со работата од вашите соништа, но не можете да ги поднесете вашите колеги? За жал, колегите се како и семејството, не можете да ги избирате, освен ако не сте шеф! Оваа позиција ви дава можност да изберете кому ќе му ги доверите сите тајни од вашиот занает и потполната доверба.rn
6. Сами ја одредувате вашата плата
rnНикој повеќе нема да биде во можност да ви ја намали вашата плата или со месеци да ви го одложува покачувањето. На вас е да одлучите колку ќе се трудите, а со самото тоа и колкава ќе биде заработката од вашата работа.rnrn
rn
7. Не давате сметка никому!
rnСе сеќавате на она чувство кога морате да се правдате поради незавршената работа, доцнењето, ситните грешки? Време е сето ова да стане ваше далечно минато! Кога сте сопствен шеф не морате да смислувате причини поради кои сте направиле нешто, бидејќи единствената личност на која треба да ѝ давате сметка сте вие.rn
8. Не можете да добиете отказ
rnОтказ? Колку смешен збор! Предноста на започнување сопствен бизнис е тоа што отказот го губи значењето во вашиот речник.rn
9. Градите самодоверба
rnКога конечно ќе изградите ваш бренд и ќе добиете прилика да уживате во сопствениот успех, никој повеќе нема да може да ви застане на патот. Чувството дека го имате главниот збор и дека сте одговорни за проектите кои ги водите и тоа како влијаат на растот на самодовербата.rnrn