rn
7. Користење на телефон/факс
rn
rnrnВоопшто не е потребно да кажете дека знаете како да користете телефон или факс машина. Работодавците претпоставуваат дека знаете како да се јавите негде и како тоа да го направите професионално.rn
8. Способност за тимска или индивидуална работата
rn
rnrnОва е популарна фраза што работодавците сакаат да ја користат, но всушност е безначајна. Може да работите или во тим или сами, нели? Некои луѓе подобро функционираат во тим, други преферираат да работат сами, но ова не е нешто што треба да се наоѓа на вашето резиме.rn
9. Социјални мрежи
rn
rnrnПостојат работни места кои бараат вештини од овој тип. Но, ако не работите нешто поврзано со комуникација, најдобро е да ја изоставите оваа вештина.rn
10. Електронска пошта
rn
rnrnИ ова е нешто што треба да го тргнете. Постојат големи шанси дека сте го пратиле самото резиме преку електронска пошта и тоа е доволен доказ.rn
11. Книговодство
rn
rnrnИ ова е улога што постепено станува автоматизирана. Поради големата шанса за грешење кај човекот, многу компании го препуштаат книговодството на нивните компјутери.rn
12. Пребарување
rn
rnrnДоколку не аплицирате за некоја академска позиција каде што навистина треба да знаете како да пребарувате, тргнете ја оваа вештина од резимето. Денес секој ќе очекува да знаете да пребарате нешто на Гугл.