rn
7. Не треба постојано да правите стомачни за рамен стомак
rn
rnrnМногу луѓе прават стомачни на секој тренинг, но нема потреба од тоа. Всушност, некои стомачни можат и да ја прошират вашата половина. Вашиот стомак ќе се активира и преку основните вежби, па доволно е само еднаш неделно да правите стомачни.rn
8. Нема да направите мускули само со пилатес, танцување или јога
rn
rnrnДоколку сакате мускулесто тело, треба напорно да вежбате. Воглавно мускулите согоруваат повеќе калории бидејќи трошат повеќе енергија. Групните тренинзи со пилатес, танц и јога се одлична активност, но не ја заменуваат теретаната.rn
9. Жените треба да прават повеќе повторувања и да се одмараат пократко помеѓу вежбите
rn
rnrnФитнесот за мажи и жени е различен. Тајната за успех во женските тренинзи е повеќе вежбање со пократки паузи. Жените треба да се фокусираат на повеќе повторувања, наместо на вежбање со поголема тежина. Одморот од 30 до 40 секунди помеѓу вежби е сосема доволно. Мажите од друга страна, имаат потреба од подолг одмор по вежбање со голема тежина.rn
10. Не е во ред да вежбате многу, а да јадете малку
rn
rnrnПотребен е дефицит на калории за слабеење, но тоа не треба да биде екстремно. Ако вежбате многу, а јадете малку, телото ќе почне да го забавува метаболизмот и да штеди енергија. Поради ова не треба да вежбате секојдневно и не треба премногу да кратите од калориите. Покрај тоа, премореното тело е под повеќе стрес и настојува да се дебелее. Доколку сакате да ослабите, обидете се да не јадете 1 до 2 часа по напорен тренинг.rn
11. Кардио тренингот мора да се изведува точно
rn
rnrnКардио тренингот е комплетна програма за тренирање во која ги вежбате кардиоваскуларниот и респираторниот систем, ја зголемувате издржливоста и согорувате масти. Доколку целиот ден му го посветите на кардио вежбањето, имајте на ум дека согорувањето масти почнува дури 40 минути по почетокот на вежбањето. Ова значи дека ќе треба да поминете повеќе од еден час на лента за трчање. Доколку вежбате кардио веднаш после вежби со тегови, согорувањето масти почнува во првата минута. Тогаш ви се доволни и само 20 минути кардио.rnrnВажно е да го набљудувате и вашиот пулс. Доколку пулсот не ја постигне долната граница, ќе добиете слаби резултати. Ако пулсот е повисок од горната граница, може да му наштетите на здравјето.rn
12. Можете да бидете во форма и без одење во теретана
rn
rnrnАко имате добри гени и не претерувате со штетна храна и алкохол, можете да го добиете телото од соништата и дома. Најважно е да тренирате редовно. Истрајноста е дури 90% од вашиот успех. Ако редовно вежбате дома неколку пати неделно, пешачите и се храните здраво, успехот е неизбежен.rnrnПогледнете ги и 5-те нешта што не треба да ги правите пред тренинг.
