rn
6. Авокадо за наелектризирана коса
rn
rnrnАвокадото може да ви помогне да ја „смирите“ вашата коса. За маската потребно ви е едно авокадо и јогурт. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја 45 минути. Повторувајте го ова 2 пати неделно.rn
7. Компири за намалување на стриите
rn
rnrnСтриите се чест проблем кај многу жени. Сокот од компири го поттикнува обновувањето на кожата, па затоа ги избелува стриите. Сè што треба да направите е да втриете парче компир на проблематичните места, да го оставите да се исуши и потоа да исплакнете.rn
8. Лажица за темни кругови под очите
rn
rnrnСигурно веќе сте слушнале за вреќичките чај, краставиците и компирите кои можат да ви помогнат да се ослободите од темните кругови наутро. Но, за овој третман потребна ви е само лажица. Пред да нанесете шминка, држете изладена лажица под вашите очи 10-тина минути.rn
9. Мед за испукани усни
rn
rnrnМногу нешта предизвикуваат пукање на усните – топло или студено време, алергии, но и дишење со отворена уста. Медот е традиционален лек за овој проблем и се користел уште во древните цивилизации од Египет, Кина и Африка. Можете да го нанесете пред спиење, да направите мешавина од мед и лимон, или да направите пилинг од мед и шеќер.rn
10. Мед и лимон за акни
rn
rnrnЗнаете ли дека лимонот може да ви помогне да се справите со акните? Комбинирајте го со мед и нанесувајте го како маска 2 пати неделно. Покрај тоа ќе забележите намалување на брчките, а кожата ќе ви изгледа посвежа и ќе ви биде помазна.rnrnПогледнете ги и триковите за убавина што можете да ги украдете од вашата баба.
