Ова се 12 реченици, најчесто поттикнати од разни стереотипи, кои не смеете да си дозволите да ѝ ги речете на жена/девојка, освен доколку и не ви е баш мил животот.rnrn
rn
1. „Мажите размислуваат рационално додека жените се емотивно наклонети“
rnЖените полесно ги покажуваат емоциите, што е многу различно од тврдењето дека се целосно контролирани од страна на нивните емоции и дека никогаш не размислуваат со ладна глава.rnrn
rnrn
2. „Жените не знаат да возат“
rnМажите не знаат да готват. Упс, претпоставуваме тоа воопшто не ве навреди, но ваквата ваша изјава ги навредува жените. Не служете се со толку ниски удари само да си го нахраните сопственото его.rn
3. „На девојките им е важно само да се омажат за богат човек“
rnНа некои девојки им се важни парите, други најмногу ценат да бидат љубени и почитувани во бракот, трети пак воопшто не ни сакаат да се мажат. Ако ѝ речете на девојка со полно работно време која сама заработува за живот, дека сите жени единствено сакаат богати мажи за да ги издржуваат, само што влеговте во голема каша.rnrn
rnrn
4. „Ти си домаќинка, не си вработена“
rnДа, таа е домаќинка, и бога ми и тоа како е вработена. Да ѝ кажеш на жена која чува деца и го одржува домот дека не прави ништо со животот значи дека по автоматизам заслужуваш титула „глупак“. Честитки.rn
5. „Смири се, олади малку“
rnО не, туку што ја влошивте ситуацијата. И тоа многу. Веќе ништо нема да биде смирено.rnrn
rnrn
6. „Мојата бивша…“
rnСлободно доврши ја реченицата додека излегувам од оваа просторија без намера да се вратам…rn
7. „Па добро изгледаш за твоите години“
rnАко сакате да дадете комплимент, супер изгледаш е сосем доволно. Колку повеќе ја усложнувате реченицата толку полошо.rn
8. „Жените сакаат момци кои ќе ги третираат лошо“
rnНиедна девојка со самопочит нема да дозволи да ја третирате ништо подолу од принцеза.rnrn
rnrn
9. „Јас заработувам повеќе од тебе“
rnСо став од типот на јас го носам лебот дома, може само да завршите на каучот на вашиот најдобар пријател.rn
10. „Жените не се занимаваат со политика“
rnЖивеете во време кога многу жени се на важни функции во светот на политиката. Поштедете се себеси, а и сите околу себе од глупави изјави од ваков тип.rnrn
rnrn
11. „Батали, ова се машки муабети“
rnВашата жена совршено ќе се вклопи во секаков разговор. Ваквата изјава покажува дека ги сметате жените за неинтелигентни суштества на пониско ниво од вас, со што вие самите се сместувате најниско.rn
12. „Звучиш како мајка ми“
rnВашата девојка/жена не сака да биде споредувана со вашата мајка. Точка.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.