10 парчиња облека кои секогаш се во мода

Сподели

rn

Реклама

6. Вејфарер очила за сонце

rnМожеби едни од најпрепознатливите, овој Реј Бан модел се појавил во 1952 година, и оттогаш сѐ уште е најпознат. Класична и кул, оваа форма на рамката изгледа и ретро и модерно во исто време. Покрај ова, очилата одговараат на секаква комбинација, па нема да згрешите доколку инвестирате во еден пар.rn

7. Долг мантил

rnОва парче облека изгледа елегантно, а ќе ве штити од студот и дождот. Секогаш одбирајте модел кој ќе ја следи вашата силуета, а неутралните нијанси на сино, црно и крем се секогаш добар избор.rn

8. Фармерки кои совршено ви стојат

rnВистинскиот пар фармерки може да ви биде како втора кожа. Она што е убаво за класичниот тексас е тоа што никогаш не излегува од мода. Заменете ги балетанките со високи потпетици и облечете некоја секси блуза, и вие сте спремни за вечерно излегување. Најдобро е да изберете еден темен и еден светол пар кои немаат многу детали.rn

9. Црна кожна јакна

rnИма нешто за овие јакни што никогаш не излегуваат од мода. Можете да ги комбинирате буквално со сѐ, но внимавајте да нема премногу додатоци, како безброј патенти или ремени.rn

10. Кошула со копчиња

rnДури и ако нема потреба да носите бизнис облека, кошулата може да ви биде најдобар пријател. Можете да ја комбинирате со одело, или пак со долго здолниште. Како и да е, ќе изгледате одлично.

Прочитајте ги и овие совети за елеганција и стил од незаменливата Коко Шанел.

Популарно

Може ќе ве интересира