rn
6. Јадете две јајца дневно
rn
rnrnЕдно истражување покажало дека ако за појадок комбинирате нискокалорична храна со јајца, полесно ќе се ослободите од вишокот килограми. Причината е тоа што јајцата се богати со протеини кои прават да се чувствувате сити подолго време.rn
7. Појадувајте секој ден
rn
rnrnБидејќи наутро речиси секој е зафатен, голема е веројатноста да го прескокнувате појадокот или да изедете многу малку. Но, ова е штетно за вашето здравје. Појадокот не само што ви дава енергија да го започнете денот, туку го намалува ризикот од дијабетес, дебелина и болести на срцето. Над 75% од луѓето кои изгубиле повеќе од 10 килограми појадуваат секое утро.rn
8. Доколку сте гладни, џвакајте гума за џвакање со нане
rn
rnrnГумата за џвакање без шеќер со вкус на нане може да го потисне чувството на глад. Вкусот на нане го ослабува сетилото за вкус и ја „убива“ желбата за храна.rn
9. Јадете во добро осветлена просторија
rn
rnrnЈадењето во светла просторија ги тера луѓето да одбираат поздрава храна. Според едно истражување од САД, се открило дека луѓето кои јадат во светла просторија консумираат 39% помалку калории за разлика од оние кои јадат во затемнета соба.rn
10. Јадете повеќе од 3 пати дневно
rn
rnrnНаместо да изедете 3 големи оброци, поздраво е да ги поделите на 6 помали. На овој начин ќе се намали времето на чекање помеѓу оброците – колку подолго го чекате оброкот, толку се поголеми шансите да се прејадете. По 3 часа без храна, шеќерот во крвта почнува да опаѓа. По 4 часа вашето тело веќе дигестирало сè што сте изеле. Штом ќе поминат 5 часа, нивото на шеќер е навистина ниско и посегате по што било.rnrnПогледнете и кои се утринските навики што ви предизвикуваат вишок килограми.
