КАФЕ ПАУЗА

Зошто треба да внимавате на поставеноста на огледалата во спалната соба?

Иако ви изгледа сосема логично да имате огледало во спалната соба затоа што ви е потребно додека се облекувате и шминкате, тоа всушност и не е најдобра идеја.rnrn(1) Зошто треба да внимавате на поставеноста на огледалата во спалната соба?rnrnСпоред древната кинеска филозофија Фенг шуи, огледалото воопшто не е пожелно во вашата спална соба, особено ако тоа е свртено кон креветот или е закачено над него. Најголема грешка, според ова верување е креветот на којшто спиете да се огледува во огледало.rnrnЛуѓето кои се бават со Фенг шуи предупредуваат дека огледалото, поставено на погрешно место, може да биде „виновникот“ за лошиот сон, но и за проблемите во бракот. Клучот е во тоа што ваквата позиција поттикнува создавање активност, а во спалната соба е потребна спротивна енергија – мир и тишина. Поради позициите на коишто се поставени, огледалата „повикуваат трета страна во вашиот однос“ и ги поттикнуваат партнерите на неверство.rnrn(2) Зошто треба да внимавате на поставеноста на огледалата во спалната соба?rnrnЕдинствена прифатлива позиција за огледалото во спалната соба е поставеност од внатрешната страна на плакарите, така што кога се тие затворени, со нив е затворена и „активноста“ на огледалото. Наједноставно е тоа да се постави на внатрешната страна од вратите на плакарите, така што со нивното затворање, во нив нема да се одразува креветот на којшто спиете. Доколку имате голема соба и можете да најдете некој агол каде што креветот нема воопшто да се гледа во огледалото, можете да го поставите во тој дел од спалната.