Научниците долго време се труделе да сфатат како настанува довербата помеѓу кучињата и човекот. Но, изгледа конечно се нашол одговор на ова прашања. Едно неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот во Хелсинки покажало дека кучињата без престан ги следат изразите на нашето лице и дека реагираат токму според нив.rnrn
rnrnПа, можете да претпоставите зошто секогаш треба да му се насмевнувате на вашето куче? Според резултатите од истражувањето, хормонот окситоцин ја има главната улога во интеракцијата меѓу кучињата и луѓето. Благонаклонетоста и довербата се стекнуваат многу едноставно, односно со само една насмевка што создава испуштање на љубовниот хормон – окситоцин.rnrnЗа да ја потврдат својата теорија, истражувачите спровеле експеримент во кој на група кучиња им покажале фотографии од насмеани и лути лица. Реакцијата на фотографијата кај кучињата била мерена со помош на направа за следење очи. Како што можете и самите да претпоставите, лутите лица им предизвикувале непријатни емоции и тие се подготвувале за реакција (бегање или напад), додека пак, насмеаните лица им предизвикувале пријатни емоции, и тие се чувствувале удобно и безбедно додека ги гледале.rnrnИмајќи го сè ова на ум, најдоброто нешто што можете да го направите за вашето куче е да му се насмевнувате секојпат кога ќе го погледнете. Тоа ќе се чувствува многу побезбедно и поопуштено во ваша близина и многу побрзо ќе создадете близок однос, полн со љубов.rnrnКога сме веќе кај смеењето, погледнете ги и овие фотографии со кучиња со марами на главата кои личат на баби!
Зошто треба да му се насмевнувате на вашето куче?
