Автор: Софија СионоваrnrnВо летниот период од годината ноќта е многу пократка од денот и иако постојат многу интересни активности кои можат да се прават денски, ноќта е некако помистична и едноставно поубава. Целосната атмосфера и енигматиката ја прават ноќта да биде поволшебна од денот. Еве неколку причини зошто е таа поубава:rnrn
rn
1. Смиреност
rnСамиот звук на тишината има моќ да го смири нашето тело и нашиот ум. Во принцип, гласните коли, свирежите по улици, сообраќајот и сл. предизвикуваат немир, па затоа кога сонцето ќе зајде, многу луѓе практикуваат прошетки. Во ноќните часови ретко постојат звуци кои ги иритираат нашите уши. Сѐ е смирено и тивко.rn
2. Ладовинка
rnИако ладовинките често се фаќаат под некоја голема сенка, крај некое дрво, во подоцните часови температурата е опадната и не е толку спарно како во денот. Убаво е откако целиот ден се „варите“ по горештините, да се оладите во ноќната ладовинка.rn
3. Семафори, автомобилски светла и улични светилки
rnПрекрасни и во шарени бои, тие ни го осветлуваат патот и ги разубавуваат улиците. Да не беа ваквите сијалици не ќе гледавме каде се движиме!rn
4. Ѕвездено небо
rnВо текот на денот, сонцето нѐ спречува да го погледнеме небото. Затоа пак навечер излегуваат сите ѕвезди и Месечината, а глетката е просто неверојатна.rn
5. Долги разговори
rnДали сте забележале дека подлабоки се разговорите кои ги правиме во текот на ноќта, отколку оние во денот? Ако добро размислите, сите длабоки разговори се случуваат во текот на ноќта. Има нешто утешително во ноќта што нѐ тера да се отвориме и да развиваме длабоки дискусии само во тој период.rn
6. Ослободување од стресот
rnПрвата асоцијација за денот е полниот распоред, обврски и работа. За разлика од тоа, ноќта е време за релаксација и смирување и време посветено лично на себеси.rn
7. Ноќни забави и романтика
rnИако повеќето луѓе спијат навечер, тоа не значи дека треба и вие. Ноќните часови се најдобро време за забава, затоа и постои ноќниот живот. Дискотеки, проекции на филмови на отворено, постојат многу различни можности за забава. Плус, ноќта е многу поромантична од денот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.