КАФЕ ПАУЗА

Зошто некои луѓе мислат дека се видовити?

Зошто некои луѓе мислат дека се видовити?

Низ целата човечка историја постоеле поединци кои верувале дека можат да ги предвидат идните случувања. Вистинската видовитост не е научно докажана, но суптилните разлики во начинот на кој луѓето го доживуваат времето на настаните може да објасни зошто многумина сè уште се убедени во своите психички способности.rnrnЗошто некои луѓе мислат дека се видовити?rnrnИстражувањето спроведено од страна на научниците од Универзитетот Јеил, дава нови сознанија зошто некои луѓе мислат дека имаат натприродна способност да предвидат настани. Научниците сметаат дека зад ваквите заблуди се кријат некои физиолошки основи.rnrnНаводните психички способности во многу случаи се производ на намерна измама, во која измамниците ги користат истите трикови што со векови ги користеле менталистичките магионичари за да одглумат читање на умот или предвидување на иднината. Но, не е точно дека сите луѓе кои тврдат дека имаат натприродни способности да ја предвидат иднината само сакаат да заработат пари. Отфрлањето на тврдењето дека тоа е знак на ментална болест ни кажува неколку зборови за тоа како таквите верувања се развиваат во инаку здрав мозок.rnrnОд личности кои немаат историја на ментални заболувања било побарано да предвидат кој од пет бели квадрати ќе стане црвен. Како и што се очекувало, најголемиот дел од нив точно ја предвидувале промената на бојата, сè додека научниците не го забрзале тестот. Ако квадратот ја менувал бојата од бела во црвена за приближно 250 милисекунди, личностите многу почесто точно ја предвидувале промената на бојата. Во реалноста, тие едноставно предвиделе нешто што веќе се случило, но не го процесирале свесно тоа искуство.rnrnРедоследот на набљудувањето и предвидувањето на настаните најчесто се мешаат ако настаните се случуваат доволно брзо еден по друг.rn

„Тоа е како да мислите дека знаете дека ќе врне дожд, а потоа ќе ги почувствувате првите капки“, изјавил раководителот на истражувањето, Адам Беар. „Вашата мисла можеби потсвесно била под влијание на тие капки, но капките ги доживувате свесно дури подоцна.“

rnИако ова можеби не објаснува зошто некои луѓе сметаат дека го предвиделе настанот неколку часови или неколку години предвреме, сепак укажува на цврстата невролошка основа што ги тера луѓето да веруваат во својата видовита моќ.rnrnИдните истражувања би можеле да помогнат во откривањето на точните разлики во невроните во мозокот за да се објасни како се комбинираат набљудувањето и расудувањето, така што ќе се развијат докази за тоа како секвенциите на настаните се собрани во свеста.rnrnДали сте чуле за отворањето на третото око? Погледнете ги овие 6 знаци дека тоа ви се случува вас.